Пресметајте колку човечки години има вашето куче/маче

presmetajte-kolku-covecki-godini-ima-vaseto-kucemace-povekjeПовеќето луѓе сметаат дека пресметувањето на годините на кучињата и мачињата во „Човечки години“ е едноставно: помножете ги нивните години...


...по седум. На пример, 4 годишно кутре или мачка всушност има 28 човечки години.

Но, еве како навистина се пресметува.


Кучиња

Стареењето кај кучињата е многу побрзо до нивната втора година, но се разликува од раса до раса. Големите раси, созреваат побрзо и живеат пократко. Кога имаат 5 години веќе се сметаат за сениори.  Средните раси оваа фаза ја достигнуваат во 7та година, а малите раси не се сметаат за сениори се до нивната 10та година.

Многу ветеринари се согласуваат дека оваа формула е многу поверодостојна од множењето со 7:

Сметајте дека 1 годишно куче е еднакво на 12 годишно дете, а 2 годишно куче е еднакво на 24 годишен човек. По ова, додавајте 4 години за секоја година потоа. (на пример: 4 годишно куче има 32 човечки години).

Но, овој метод го зема предвид степенот на зрелост кај помладите кутриња како и забавениот процес на стареење во подоцните години. Марта Смит, директор на ветеринарниот институт во Бостон, смета дека оваа формула е поверодостојна. Ова е табелата според која се пресметуваат човечките години на кучињата:

presmetajte-kolku-covecki-godini-ima-vaseto-kucemace-1

Просечен живот кај кучињата е 12-13 години, но сепак, зависи од раса до раса. Помалите раси и женските кучиња живеат подолго.


Мачки

Ова е формула за пресметување на човечки години кај мачките. Едногодишна мачка е еднаква на 15 годишно дете, а 2 годишна мачка е еднаква на 24 годишен човек. Потоа додавате 4 години за секоја следна година (пример: 4 годишна мачка има 32 човечки години).

Ова е формулата за пресметување:

presmetajte-kolku-covecki-godini-ima-vaseto-kucemace-2

Би можело да ве интересира:

Носталгични фотки што ќе ве вратат во детството Сите сакавме дигитален рачен часовник со минијатурна тастатура и упорно игравме ...
Поучна приказна за озборувањето која ќе ве научи како да се справите со „злобните јазици“ Мајка ми ми раскажуваше како се справила со пријателките што ја озборувале, со р...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
8 глупави светски рекорди (кои никој не сака да ги сруши) Најмногу поднесени тужби против фирми и луѓе и најбрзо пишување на тастатура со ...
Како да препознаете емоционално незрела личност (и како да постапите со неа)? Избегнувањето конфликти и незнаењето како да се постапи во одредени ситуации или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg