Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно

Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто навистина погрешно. Ако имате навика постојано да се извинувате, нема да ја добиете почитта која ви треба. Не дозволувајте тоа да ви стане автоматски одговор кој ќе ја намали вашата вредност.

poradi-ovie-sekojdnevni-greshki-drugite-ne-ve-pochituvaat-i-ne-ve-cenat-dovolno-01.jpg

Сите сакаме да бидеме почитувани и ценети, но понекогаш кај некои луѓе тоа едноставно може да биде тешка задача.

А, сте се запрашале ли дали некои ваши секојдневни однесувања може да бидат пречка во тоа другите да ве почитуваат на начинот којшто сакате? Дали несвесно ја рушите почитта која ја барате?

Неколку грешки и однесувања со кои треба да се збогувате за да бидете повеќе ценети и почитувани:

Постојано и на сè велите „да“

Има личности на кои тешко им е да кажат „не“. Тие се согласуваат на некои работи, дури и кога им предизвикуваат непријатност.

Но, имајте предвид дека постојаното кажување „да“ може да остави впечаток дека не го цените вашето време и вашите обврски. Па, ако не се почитувате самите, зошто другите да ве почитуваат?

Од голема важност е да разберете кога да кажете „не“ и да ги почитувате своите правила.

Кажувањето „не“ можеби на почетокот ќе ви изгледа тешко, но со вежбање може да ви помогне да бидете повеќе почитувани и ценети од другите.

Прекумерно извинување

Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто навистина погрешно.

Ако имате навика постојано да се извинувате, нема да ја добиете почитта која ви треба.

Не дозволувајте тоа да ви стане автоматски одговор кој ќе ја намали вашата вредност.

poradi-ovie-sekojdnevni-greshki-drugite-ne-ve-pochituvaat-i-ne-ve-cenat-dovolno-02.jpg

Не ги сослушувате другите

Активното слушање е суштинска вештина за да стекнете почит. Тоа покажува дека ги цените мислењата на другите и дека сте отворени да учите од нив.

Кога, пак, игнорирате што велат останатите, тоа испраќа јасна порака дека не го цените она што го зборуваат и тоа брзо може да ја уништи почитта и да ви ги наруши односите.

Премногу сте негативни

Сите имаме некои денови кога едноставно ништо не ни оди како што треба, но ако постојано сте негативни и околу себе ширите негативна енергија, тоа може да ги спречи другите да ве почитуваат.

Негативноста може да се манифестира во различни форми: постојано жалење, критикување на другите или постојано очекување на најлошото.

poradi-ovie-sekojdnevni-greshki-drugite-ne-ve-pochituvaat-i-ne-ve-cenat-dovolno-03.jpg

Не сте точни

Со постојаното и неоправдано доцнење, на другите им испраќате порака дека не го почитувате нивното време, а за вас може да остави впечаток на неорганизирана личност.

Со ова однесување брзо може да ја уништите почитта, без разлика колку добри намери имате.

Од друга страна, ако сте точни, покажувате почит кон времето и обврските на другите и значително може да си ја подобрите репутацијата.

Не си стоите на кажаниот збор

Лесно е да ветите нешто, но колку тоа можете да го остварите? Кога не си стоите на кажаниот збор, тоа може да ги повреди другите и тоа многу повеќе отколку што можете да замислите.

Со ова испраќате порака дека тие не можат да се потпрат на вас и да веруваат во она што ќе го кажете.

Спротивно на ова, ако постојано го остварувате она што сте го кажале, ќе изградите доверба и ќе им покажете на другите дека сте достојни за почит.

poradi-ovie-sekojdnevni-greshki-drugite-ne-ve-pochituvaat-i-ne-ve-cenat-dovolno-05.jpg

Не признавате кога не сте во право

Признавањето кога не сте во право не е знак на слабост, туку знак на сила и зрелост. Ако не можете да признаете кога грешите, тоа сериозно може да влијае на како другите ве гледаат и дали ве почитуваат.

Секако, не е секогаш лесно да се признаат грешките, но на овој начин ќе бидете повеќе ценети и отворени за поголем раст и развој.

Секогаш сакате да имате контрола врз работите

Можеби мислите дека ако имате контрола врз работите, ќе бидете почитувани и вреднувани од другите.

Но, ако настојувате сè да биде во ваши раце, со тоа ќе создадете средина каде што не се вреднуваат и почитуваат туѓите идеи и придонеси.

Ако процените кога може да ги допуштите работите во рацете на другите, со тоа може да добиете поголема почит, затоа што ќе покажете дека верувате во туѓите способности.

poradi-ovie-sekojdnevni-greshki-drugite-ne-ve-pochituvaat-i-ne-ve-cenat-dovolno-04.jpg

Недостаток на понизност

Луѓето кои ги признаваат своите недостатоци, кои знаат да прифатат повратни информации и да дадат признание онаму каде што треба, честопати се добро почитувани. Никој не знае сè, а преправањето дека сте највешти во сите работи може брзо да ја намали почитта што другите ја имаат кон вас.

Настојувајте да бидете самоуверени, но понизни. Признајте ги вашите достигнувања, но исто така препознајте ја и улогата на другите во целиот ваш успех.

Не ги почитувате другите

Почитувајте го златното правило: Однесувајте се со другите онака како што сакате да се однесуваат и тие со вас. Покажете почит кон сите, без оглед на нивниот статус или улога.

Станува збор за вреднување на мислењата на другите, внимателно слушање, признавање на туѓиот придонес. Запаметете дека почитувањето е двонасочна улица.

poradi-ovie-sekojdnevni-greshki-drugite-ne-ve-pochituvaat-i-ne-ve-cenat-dovolno-06.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
12 знаци дека сте многу позрела личност отколку што мислите Им покажувате емпатија на другите наместо да ги осудувате и кажувате „не“ без чу...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg