Марк Закерберг е мета на исмејување од твитерџиите – најсмешните шеги по 6-часовниот „пад“ на Фејсбук

По „падот“ на Фејсбук кој се случи вчера и траеше речиси седум часа, твитерџиите решија да се пошегуваат на сметка на сопственикот Марк Закерберг и фактот дека Твитер беше единствената (влијателна) социјална мрежа во функција.

tviterdzhiite-spodeluvaat-smeshni-meminja-na-smetka-na-mark-cukerberg-po-6-chasovniot-pad-na-fejsbuk01.jpg

Вчера, 4-ти октомври, Фејсбук, а со тоа и Инстаграм и WhatsApp, беа недостапни за користење, наводно поради проблем со серверите, а прекинот траеше околу седум часа.

Марк Закерберг, пак, изгубил неверојатни 7 милијарди долари поради проблемот, а реши да им се извини на корисниците дури кога социјалните мрежи се вратија во функција. 

Закерберг беше исмејуван и критикуван за неговото извинување – некои се чудеа на неговата рамнодушност, некои се шегуваа бидејќи изгледа како воопшто да не му е грижа за корисниците, а некои велат дека сигурно му годела паузата од шест часа.

„Фејсбук, Инстаграм, WhatsApp и Месинџер сега се враќаат онлајн. Се извинувам за денешните прекини – знам колку се потпирате на нашите услуги за да останете поврзани со луѓето за коишто се грижите“, гласеше неговото извинување споделено на Фејсбук.

mark-zakerberg-e-meta-na-ismejuvanje-od-tviterdjiite-najsmeshnite-shegi-po-6-chasovniot-pad-na-fejsbuk-02.JPG

Во коментарите, пак, речиси и да немаше личност која не ја презира објавата, а многумина нагласуваат дека цели бизниси зависат од овие социјални мрежи, а Марк се однесува како да не му е грижа.

„Навистина? Не се прави поважен отколку што си. Ти си само за забава. Како телевизија“.

„Некоја причина зошто се случи ова? ’Извини‘ не е доволно за луѓето чија работа зависи од WhatsApp“.

Покрај многуте претпоставки за тоа што точно се случило, јавноста почна и да се шегува за целата ситуација, а, нормално, на мета им беше Марк.

Бидејќи вчеравечер Твитер беше единствената голема социјална мрежа од сличен карактер која беше достапна, шегите се споделуваа таму.

Многумина, пак, правеа смешни споредби помеѓу двете социјални мрежи, а дури и основачот на Твитер ја искористи можност да се пошегува со својот ривал, па направи „ретвит“ на меме споделено од Јусејн Болт.

„Кој го направи ова?“

Од официјалниот профил на Твитер, пак, споделија:

„Здраво на буквално сите“, алудирајќи на тоа дека тогаш буквално сите беа на Твитер.

https://twitter.com/Twitter/status/1445078208190291973

Во продолжение дел од најсмешните твитови за синоќешниот пад на најкористените социјални мрежи:

„Еве зошто падна Фејсбук“

https://twitter.com/Tolusha98/status/1445257177027932163

„Марк Закерберг додека ја гледа катастрофата што ја предизвика“

https://twitter.com/MxBavarian/status/1445069784165625857

„Сите минатата ноќ“

„Што се случувало зад сцените кога паднаа WhatsApp, Фејсбук и Инстаграм“

„Марк Закерберг во седиштето на WhatsApp, Фејсбук и Инстаграм“

„Марк Закерберг се обидува да го среди проблемот“

„Што прават сега луѓето кои немаат Твитер“

„Сегашната ситуација во светот“

https://twitter.com/Mr_PM_6/status/1445223549229228034

„Закерберг моментално“

https://twitter.com/proton_memes/status/1445226133583286275

„Луѓето се враќаат на Фејсбук откако го средија проблемот“

https://twitter.com/AlanGideon5/status/1445241863439593472

„Денес во историјата на интернетот“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
14 мини злосторства кои поминале неказнето заради шармот на виновниците 10 минути тишина во домот, одите во другата просторија, ви се крева коса од глет...
16 работи кои се толку лошо изведени, што нема да ви се верува дека некој земал плата за нив (фото) Избетонирани шахти, извиткани цевки, наместена тоалетна школка без простор за се...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
„Прво верувате, потоа умирате“ – Бесмислени и смешни „инспиративни“ пораки од вештачка интелигенција „Кога ќе умреме, животот ќе биде во ред. Дотогаш, опивајте се“ и „Еден ден, живо...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg