Ѕид со 150.000 срца во Лондон: По едно срце за секој живот што згасна во пандемијата (фото)

Во Лондон од страна на волонтери е изработен споменик за сите срца што престанаа да чукаат за време на пандемијата предизвикана од ковид-19.

FOTO-Dzid-so-150000-srca-vo-London-po-edno-srce-za-sekoj-zivot-shto-zgasna-vo-Pandemijata-01.jpg

The National Covid Memorial е мурал кој што е исполнет со околу 150.000 срца во спомен на жртвите од пандемијата. Тој се протега во должина од околу 550 метри на Јужниот брег на реката Темза во Лондон, веднаш спроти Вестминстерската Палата, односно Парламентот и веднаш пред болницата St. Thomas.

srca-zid-1.jpg

Секое срце е нацртано поединечно од страна на волонтери. Отсликувањето на срцата било организирано од страна на семејствата што ги загубиле своите сакани во време на пандемијата, а било започнато во последната недела од март 2021-та година.

srca-zid-2.jpg

Во мометов муралот не е завршен, затоа што и понатаму волонтери додаваат по едно срце за секој живот што згаснал.

zid-srca-4.jpg

zid-srca-5.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничава фотка: Зошто не треба да ги оставате очилата во автомобилот кога е сончево? Пожарна служба од англиска област сподели фотка на која се гледа автомобил со из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg