Фото на денот: Лисица дошла на „гости“ на тераса на хотел на Попова Шапка (фото)

Смелата лисица си дошла на терасата од познатиот хотел, а фотката од неа ја прогласуваме за позитива на денот. Неверојатна убавина...

lisica-doshla-na-gosti-na-terasata-na-hotel-na-popova-shapka-foto-01.jpg

Вработените од хотелот „Арена Тетекс“ на Попова Шапка, кој е познат по терасата со одличен поглед кон ски терените, имаа непоканет гостин.

Во вечерните часови тие на терасата сликале лисица, која го искористила мигот кога нема луѓе да дојде на посета.

View this post on Instagram

A post shared by Hotel Arena (@hotelandspaarena)

„Убавицата на Попова Шапка“, напишаа одговорните од хотелот, кои ја објавија оваа прекрасна фотка на нивниот Инстаграм профил.

Дефинитивно ја прогласуваме за позитива на денот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничава фотка: Зошто не треба да ги оставате очилата во автомобилот кога е сончево? Пожарна служба од англиска област сподели фотка на која се гледа автомобил со из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg