Најубавите љубовни цитати (1 дел)
Љубовта е вечна инспирација за човековото творење. Многу големи умови љубовта ни ја пренесуваат на многу едноставен, а сепак силен начин. Токму ова се неколкуте најубави љубовни цитати некогаш напишани.
„Да сакаш некој значи да се согласиш да остариш со него.“ – Албер Ками
„Една важна работа, кога ќе заминуваме, уште долго ќе останат траги од љубовта зад нас.“ – Иберт Швајцер
„Тешко е да сакаш, уште потешко да не сакаш, а најтешко е да најдеш некој сакан кој не ти ја возвраќа љубовта.“ – Александар Сергејевич Пушкин
„Тврдам дека ништо не му е тешко на оној кој љуби.“ – Цицерон
„Љубовта има две нешта кои ја пратат: добрината и стрпливоста.“ – Данте Алигиери
„Љубовта која ја даваме е еднаква со љубовта која ни останува.“ – Елберт Хабард
„Биди и достоен на љубовта ако сакаш да бидеш љубен.“ – Гете
„Никогаш вистински не љубел оној кој мисли дека љубовта е пролазна.“ – Гете
„Љубовта попрво би умрела отколку едвај да опстојува.“ – Оноре де Балзак
„Љубовта, кога е искрена и длабока, лесно опростува и заборава.“ – Иво Андриќ
„Кога човекот има љубов, нема страв.“ – Лао Це
„Љубовта е спонтана и желна за изразот на радоста, убавината, вистината па и солзите. Љубовта живее во моментот; не се губи во минатото и не тежнее спрема иднината. Љубовта е СЕГА!“ – Лео Бускалија
„Љубовта секогаш има отворени раце. Отворените раце допуштаат таа да дојде и да си оди кога и да посака, слободно. Ако се обидувате да ја заробите љубовта, ќе сфатите дека ја чувате само за себе.“ – Лео Бускалија
„Љубовта која можела да умре не била љубов.“ – Лудвиг Андреас Фојербах
„Љубовта никогаш ништо не сака, само дава. Љубовта само пати, никогаш не се кае и никогаш не се осветува.“ – Махатма Ганди
„Кога човекот знае зошто сака, тогаш не сака вистински.“ – Јесенски