8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни

Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северниот дел на Европа?

8-fakti-i-veruvanja-shto-pokazhuvaat-zoshto-lugjeto-so-zeleni-ochi-se-posebni-01.jpg

Дали знаете дека само 2% од луѓето во светот имаат зелена боја на очи? Зелената е најретката боја на очи, па не е ни чудно што низ годините, луѓето си ја поврзувале со разни мистични приказни и легенди.

И до денес многумина веруваат дека луѓето со зелени очи се посебни.

Неколку факти и верувања за луѓето со зелени очи:

1. Најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северна Европа.

luge-so-zeleni-oci-0.jpg

2. Зелените очи се многу ретки бидејќи гените што ги пренесуваат се рецесивни. Односно, потребно е двајцата родители да ги имаат гените за детето да ги наследи.

3. Бројни анкети покажале дека луѓето со зелени очи се сметаат за едни од најатрактивните.

luge-so-zeleni-oci-03.jpg

4. Интересно е што луѓето со зелени очи биле поврзувани со мистичното уште во дамнешното минато и постојат многу легенди и преданија за натприродни суштества или луѓе со натприродни моќи кои имале зелени очи.

5. Луѓето со зелени очи се познати по нивната способност да пренесат широк спектар на емоции. Односно, во многу култури се верува дека зелените очи се прозорец кон душата, а поради уникатната боја, луѓето со зелени очи се многу поекспресивни.

6. Студија од 2014 година покажала дека жените со зелени или сини очи се способни да се справат со болката подобро од жените со кафени или костенливи очи.

luge-so-zeleni-oci-04.jpg

7. Зелените очи се почувствителни на сончевите зраци бидејќи имаат помалку меланин. Што значи, ако имате зелени очи, не заборавајте да ги заштитите кога е сончево.

8. Многу мал број бебиња се раѓаат со зелени очи. Односно, повеќето се раѓаат со светло сини или темни очи, а доколку имаат зелена боја, таа се развива малку подоцна.

В. К. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg