Забрането е да умрете во градот и уште 8 факти за животот во Лонгјир

Можете ли да замислите да живеете во град каде сонцето заоѓа во ноември, а изгрева дури во февруари?

najseverniot-grad-vo-svetot-01.jpg

Сместенo недалеку од Северниот Пол, гратчето Лонгјир, основано во 1906 година, е најсеверното населено место во светот.

Тука луѓето живеат сосема поинаку од она на кое сме навикнати.

Неколку факти за ова уникатно место:

1. За посетителите фасцинантно е тоа што ноќта тука трае дури четири месеци. Интересно е тоа што од четирите месеци колку што трае поларната ноќ, околу два и пол е целосен мрак и жителите низ градот се движат со ламби.

najseverniot-grad-vo-svetot-02.jpg

2. Лонгјир се наоѓа на Шпицбершките Острови - норвешка прекуморска територија, а според досегашните информации, таму живеат помеѓу 1.800 и 2.400 луѓе.

najseverniot-grad-vo-svetot-03.jpg

3. Според Норвешкиот институт за статистика, жителите во овој град остануваат во просек само седум години, па поради тоа бројот на жители постојано се менува.

4. Просечните летни температури во градот се движат помеѓу 3 и 7 степени Целзиусови, а просечните зимски температури меѓу -13 и -20. Највисоката измерена досега е 21,3, а најниската е -46,3 степени Целзиусови.

najseverniot-grad-vo-svetot-04.jpg

5. Иако се чини дека нема услови за живот, сепак тука жителите живеат сосема нормално. Имаат аеродром, продавници, три хотели, универзитет...

6. Она што го прави Лонгјир специфичен е тоа што тука се забранети мачките за да се заштитат локалните птици кои живеат во изолиран екосистем и кои се малку на број.

najseverniot-grad-vo-svetot-08.jpg

7. Исто така, тука е забрането да се умре, а ваквиот закон стапил на сила во 1950 година, откако било откриено дека труповите закопани на локални гробишта не се распаѓаат поради студот.

8. Причина плус поради која е забрането умирање во Лонгјир е тоа што неодамна биле откриени живи примероци од вирусот што ја предизвикал пандемијата на шпански грип од 1918 година во долго закопани тела.

najseverniot-grad-vo-svetot-07.jpg

9. Со оглед на тоа што болниците не се доволно опремени, бремените жени мора да го напуштат градот 21 ден пред официјалниот термин за породување, поради отсуство на соодветен кадар.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајде... Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – м...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Не се сексуални работнички, тренираат напорно: Факти за јапонските гејши Пред да станат гејши жените имаат многу тешки тренинзи, учат да танцуваат со леп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg