Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин?

Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавноста, но малку се знае за нивниот приватен живот. Постојат и шпекулации дека Путин има уште барем две деца, од кое едното наводно го добил со куќна помошничка.

se-zapishale-na-fakultet-so-lazhen-identitet-shto-znaeme-za-kjerkite-na-vladimir-putin-01.jpg

Владимир Путин е можеби најпознатиот политичар во светот, но и покрај ова, јавноста не знае скоро ништо за неговиот приватен живот.

Никој не знае колку точно деца има, а уште помалку за мајките на овие деца.

Сепак, понекогаш протекуваат некои информации, или барем шпекулации што одвреме-навреме се покажуваат како точни.

Во продолжение неколку факти за тајните деца, но и љубовници на Путин:

Од првиот брак со стјуардесата Људмила, Путин има две ќерки. Нивниот брак траеше околу три децении, а ќерките Марија и Катерина ги добиле во 1985 и 1986 година.

Путин, сопругата и ќерките се преселиле во Москва во 1996 година и наводно овде девојчињата почнале да одат во германско училиште. Штом политичката моќ на Путин почнала да се зголемува, девојчињата го продолжиле образованието во домашни услови.

se-zapishale-na-fakultet-so-lazhen-identitet-shto-znaeme-za-kjerkite-na-vladimir-putin-03.jpgЕдна од ретките фотографии од детството на Марија и Катерина

Според Наталија Геврокијан, првата авторка која напишала биографија на Путин, кога тој станал премиер, неговото семејство веднаш било изолирано од јавноста.

Притоа, Путин постојано отсуствувал од одма и ќерките ѝ кажале на авторката дека го гледале многу ретко, но истакнале дека тој е грижлив татко.

Истовремено, Људмила не била среќна со Путин бидејќи имале „брак без љубов“.

se-zapishale-na-fakultet-so-lazhen-identitet-shto-znaeme-za-kjerkite-na-vladimir-putin-02.jpgПутин и Људмила пред разводот

Авторката вели дека имала чувство дека Путин воопшто не ја сака, за разлика од неа која била вистински вљубена во него.

Путин и Људмила го најавија разводот во 2013-та, но се шпекулира дека биле разделени долго пред тоа.

se-zapishale-na-fakultet-so-lazhen-identitet-shto-znaeme-za-kjerkite-na-vladimir-putin-04.jpgПутин и поранешната сопруга во 2000 година

Уште во 2010 година се појавија гласини дека Путин се гледал со гимнастичарката Алина Кабаева, додека Људмила била во врска со моќен бизнисмен.

Во меѓувреме, нивните ќерки завршиле факултет, но со лажни идентитети за да бидат заштитени. Марија студирала биологија, додека Катерина се фокусирала на азискиот јазик и култура.

Во јавност нема понови фотки од жените, освен двете во продолжение споделени во неколку американски медиуми.

se-zapishale-na-fakultet-so-lazhen-identitet-shto-znaeme-za-kjerkite-na-vladimir-putin-07.jpgМарија (лево) во 2022-ра и Катерина (десно) во 2021-ва

Марија, која денес има 38 години, е медицински истражувач и наводно се венчала со бизнисмен од Холандија. Се претпоставува дека имаат и дете.

По разводот, се верува дека почнала врска со друг бизнисмен со кого добила уште едно дете.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg