Не сака да вработува жени, нема да им остави пари на децата – Факти за контроверзниот Гордон Ремзи
Во брак е 26 години, но постојат гласини дека имал афери со три жени. Сопственик е на 50-тина ресторани, а вели дека мрази да вработува жени бидејќи кога биле бремени, не можел да им се дере. Факти за Гордон Ремзи (и неговите најголеми скандали).
Гордон Ремзи е еден од најпознатите готвачи во светот, но и еден од поконтроверзните.
Покрај лошиот однос со учесниците во неговите готвачки шоуа, готвачот може да „се пофали“ и со неколку контроверзни изјави со кои ја згрози јавноста.
Неколку факти за Гордон Ремзи:
Во детството сонувал да стане фудбалер
На 15-годишна возраст, готвачот станал дел од фудбалскиот клуб Glasgow Rangers и целосно се посветил на спортот.
Но, по три години, си го повредил коленото, по што бил принуден да се откаже од соништата.
Потоа се фокусирал на хотелскиот бизнис и бил дипломиран хотелски менаџер пред да стане готвач.
Станал главен готвач на само 27 години
Откако го изучил кулинарскиот занает од неколку познати готвачи, на 27-годишна возраст, Гордон станал главен готвач на новоотворен ресторан во Лондон.
Во период од само три години, ресторанот добил две Мишелин ѕвезди благодарение на Гордон.
Сопственик е на 58 ресторани
Гордон Ремзи има ресторани во Англија, Кина, САД и Малезија, а дел од нив имаат и Мишелин ѕвезди.
Извесен период беше готвач со највисока заработка
Покрај бројните ресторани, Гордон има и неколку кулинарски шоуа, како Hell’s Kitchen и Kitchen Nightmares.
Со сето ова, на врвот на кариерата, Гордон заработуваше над 150 милиони долари годишно.
Во брак е 26 години
Гордон Ремзи и неговата сопруга Тана се во брак речиси три децении.
Тие имаат и пет деца, од кои најмалото се роди во 2019-та.
Готвачот откри дека со сопругата планираат и шесто.
Не планира да им остави ништо на децата
Богатството на Гордон Ремзи се проценува на над 200 милиони долари.
Но, во 2017-та, тој изјави дека не планира да им остави ништо на децата.
„Моите пари дефинитивно нема да одат кај нив. И, ова не е бидејќи сум злобен, туку не сакам да ги разгалам.
Единствено, со сопругата се согласивме дека ќе им покриеме 25% од сумата што ќе им биде потребна да си купат стан, но ние нема да им купиме цел стан“.
Дејвид Бекам му е еден од најдобрите пријатели
Дејвид и Гордон се пријатели со години. Всушност, тие се толку блиски, што планирале да отворат и заеднички ресторан.
Тие се семејни пријатели, а Гордон има изјавено дека неговите деца имаат забрана да бидат во врска со кое било од децата на Бекамови.