Во Скопје...

vo-skopje-povekjeВо Скопје... За жал, (или за среќа, кој како милува) во Скопје а и во државава постојат некои глупави непишани правила и дефиниции, изместени вредности...


...и поделби. Народот жеден за трач и сеир, дискриминаторски им го одредува стилот, карактерот и однесувањето на другите по свој вкус и лични убедувања.

Особено постарите генерации имаат воведено некои “дефиниции“ и за секој кој е поразличен од масата, се лепи по некоја етикета, но ајде, ќе си речеш - времињата се менуваат, во нивно време било така.

Жално е што многу млади имаат денес кратковиди гледишта и прават непотребни поделби. Доволно е еден да „пушти муабет“ и веднаш некој е обележан како “ваков или онаков“...

Еве неколку скопски митови кои според мене се производ на се што наведов погоре:

  • Ако си метросексуалец и ако водиш грижа за изгледот, геј си.
  • Ако си имала секс со некој со кој не си во врска тогаш си лесна девојка.
  • И да не си имала секс со никој пак си ку*ва, пошо така му одговарало на некој.
  • Ако снимиш една песна и спот макар и најнискобуџетен ондак си ѕвезда.
  • Највеча манга си ако те има по телевизииве на кратко, макар и на анкета.
  • Фраер си ако имаш у петок гратиси за у диско иако картата е 100-150.
  • Ако излегуваш на места кои некој си ги зацртал дека се “сељачки“, тежок селјак си.
  • Ако излегуваш во актуелните дискотеки си шема.
  • Ако излегуваш во места во кои има свирки и се малку понекомерцијални, металец си (Боже Господе кај живееме... демек ако некој се облекува во црно или оди на свирки, кои впрочем кај нас се 90 посто рок, веднаш добива епитет металец)
  • А ако си навистина металец, тогаш си секташ, сотоњар, забеган, валкан... (фала Богу, ова се помалку го слушам, им доаѓа изгледа памет на луѓево )
  • Ако си чест посетител на журки (шо би рекле, тупси тупси макар и најтешка комерцијала) ондак си наркоман.
  • Ако слушаш транс макар и по дома такоџе си наркоман.
  • Ако слушаш комерцијала, тогаш си кретен што не знае што е добра музика.
  • Ако купуваш во Шутка си тешка сељанка. (као они божем од Луи Витон купуваат)
  • Ако немаш Фејсбук тапа си.
  • Ако имаш 17 години и немаш макар по 7 коментари и 10 лајкови на секоја слика на фејсбук си греота.
  • Ако не си бил ниеднаш у кафичиве на Ленинова ондак си бедна душа.
  • Не си у тренд ако незнаеш бар една песна од Ван Бурен, Риана, новата на Цеца...
  • Секоја втора фаца во Скопје е “вип и фејмоус“
  • Секоја трета во Скопје е спонзоруша (пример: ја знаеш Елена, која бе? Ауу, онаа спонзорушана... и така за секоја трета)
  • Кого и да го прашаш, ќе ти рече дека е стар Скопјанец, иако може е од село 30 км одалечено од Скопје
  • Ако не познаваш најмалце 4 газди на кафичи у Скопјево си никој и ништо.
  • Ако се познаваш со некој вратар, главен мангуп си у маало.
  • Ако незнаеш што имало у задњи број на “жута штампа“ на насловна не си у тек.
  • Ако не го изоговараш секој трет што ке го видиш низ град, ептен си повлечен и затуцан.
  • Ако си декларирана ко лесна девојка ондак гарант имаш Хепатит Ц.
  • Ако си деклариран како геј тогаш сакаш да легнеш сè што е машко во близина.
  • Ако многу учиш си бубалица.
  • Ако па ич не учиш ондак си безвезњак.
  • Ако си таксист обавезно мора у кола да имаш пуштено фолк радио.
  • Ако се возиш во автобус или шеташ низ Г.Т.Ц обавезно налетуваш на Љубе лигавиот и Џемо, а ако живееш на Млечен на Шипо.
  • Ако во речникот немаш зборови од типот на - мило, сонце, бебуле, срцка, маци ондак си глупача и не си шмизла.
  • Сите обожаваат да плукаат по јавни личности, а потоа истите тие им “лижат гз“
  • Сите се праат дека не слушаат турбо фолк, а во сабота е преполно на Жаре Бербер.
  • Ако полагаш испит обавезно доаѓа “хендс фри “ во комбинација со помош џокер - “позови пријатеља“
  • Ако немаш врски џабе ти е сè (нит ќе се вработиш, нит ќе живнеш)
  • Ин е да седиш на Ленинова (додуша за пуста желба да бидат видени некои, стојат насред бел ден), аут е да седиш по маалски кафичи и да не бидеш виден.
  • Ин е да се чека во редови пред врата во диско, а внатре двајца без тројца.
  • Аут си ако немаш дечко со сопствен стан и кола.
  • Ин си ако имаш сепаре во диско, макар и без флаша, а ептен си аут ако немаш ни коњопој, ни бутур.
  • Ин е да одиш по џез, етно, блуз фестивали, опера, балет, изложби и притоа цела вечер да ја поминеш во фоаје, а ако не идеш на вакви настани однак си проста маса и не си интелектуалец.

Лошо е што некои поединци плашејќи се да не бидат етикетирани и објаснети со некоја од дефинициите погоре, уште повеќе се резилат пробувајќи да се вклопат во толпата.

Еве неколку типични примери, на кои лично јас или мои блиски биле сведок:

- Врв на фраерлукот е кога тип пред другарите откачува некоја “досадна“ девојка со излитена фора од типот на - Маче ќе ти се јавам. - Ама ми немаш број.... - Ако ни било судено да бидеме заедно ќе го погодам.

А кај девојките - Девојко лична карта имаш? - Немам, па од мене полична има ли.

- Иако не знаеш ни што значат некои работи, за да бидеш шема, ги нарачуваш во кафич. - Дај ми едно мартини - Со шеќер или без? - Па...клај две лајци. Или втора опција - Па...средно.

- А има и од типот - дајте ми макијато без шлаг.

- Да работиш како келнер/ка во врвен ресторан/кафич доволно е само да имаш желба (ова ми се случи пред некое време, ја прашувам келнерката во врвен ресторан - Девојко свежи ви се печурките? - Како тоа мислиш свежи? - Па дали се свежи или маринирани? -Ааа, па тазе се, свежи. Прееска ја купивме теглата)

- Има многу што се истрескале дека биле на Дј Пласибо (коа беа на концерт овде) или на ДЈ Душко Кулиш од Словенија во Колосеум.

- И викам на познаничка - Ја слушам Холивуд од Бастион, јака песна... - Ај ма срцка, не биди проста, Бастион е кафич у Дебар маало.

- А најврх дешавка слушнав и видов во Тhe club, едно од омилените скопски клупчиња, кое за жал веќе не постои. Вечерта музика пушташе Зоки Бејбе, атомсфера топ, одам накај тоалет, гледам една накитена ко новогодишна елка, се мачи да фати мрежа на телефонот и и се јавува на другарка и - Мацо ма доаѓај у ова клабов карши пазарче, има гоа транс, пушта на Весна Петрушевска маж и, ептен е психоделично. (Немам Зборови)

Наравоучение: Затоа мили мои, не дозволувајте скопските безврска муабети и трачеви да допираат до вас, не придавајте етикети на тие околу вас, не дозволувајте да живеете по тие непишани правила и кодекси за “скопска морална вредност“.

Бидете свои, правете што ви се прави, не потпаѓајќи под влијание на масата.

Скопје е убав, суров, сериозен и духовит, на моменти делува светски, но на моменти е мало село. Знае да те извади од такт, но и да ти ја врати желбата за живот.

Ти дава чувство на припаѓање, од каде и да си дошол.

Спој е на традиционалното и модерното, може да нè однесе во најнестварни расположенија и уште повеќе нестварни места.

Затоа, да не дозволиме градот да пати поради нашите извртени етикети и дефиниции за однесување и чаршиско - муабетска хиерархија на луѓето кои тука живеат.

Автор: Тина Мицковска

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg