Најмалиот хотел во светот е во Германија - широк е само 2,5 метри и собира двајца (фото)

Паровите од целиот свет одат таму на меден месец, има вкупно 50 метри квадратни. На најгорниот кат има само када.

najmaliot-hotel-vo-svetot-e-vo-germanija-shirok-e-samo-2-5-metri-i-sobira-dvajca-foto-01.jpg

Хотелот Eh'Haeusl hotel во Амберг, Германија е најмалиот хотел во светот. Широк е само 2,5 метри.

На располагање има 50 метри квадратни, а градбата е стара 280 години и потекнува од време кога според некој антички закон паровите за да стапат во брак морале да поседуваат сопствен имот.

Направен бил меѓу две градби кои се споени со ѕидови и додадено е само покрив.

Сега е популарно место за меден месец на паровите и за славење на годишнини од брак.

Капациетот му е максимум двајца гости. Тој во Гинисовата книга на рекорди е влезен од 2008 година како најмал хотел на светот.

На најгорниот кат нема ништо друго освен када, додека на катот под него е спалната.

Како изгледа најмалиот хотел на светот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg