Најлошите особини на вашиот хороскопски знак
На секој хороскопски знак му се припишуваат и некои лоши особини и карактеристики, кои се покажуваат во одредени моменти во поголема или помала мерка.
Ако не сте знаеле како другите ги гледаат вашите најлоши особини – време е да откриете.
Овен
Сурови, арогантни, себични. Секогаш мораат да бидат шефови и главни во се. И целиот свет да се сврти против нив, тие и понатаму би тврделе дека сите се луди, а само тие паметни и во право.
Бик
Самозадоволни, молчеливи, досадни. Во состојба се да јадат од утро до мрак и да не се поместат од фотелјата која од поодамна го има попримено обликот на нивниот задник.
Близнаци
Можат да озборуваат со часови. Дволични, се менуваат како што ќе дувне ветрот, тешко е да им се верува.
Рак
Посесивни и мазохисти. Некогаш знаат да бидат хистерични ако не им посакате добро утро со вистинска интонација. Го менуваат расположението како што ќе им падне на памет – од депресија до хистерија.
Лав
Арогантни, препотентни. Другите ги гледаат од височина. Во состојба се цел ден да поминат покрај огледало. Полни се со големи идеи и планови кои на крајот им користат само нив, бидејќи , се разбира, не им е гајле за другите.
Девица
Премногу бараат, ситничави, вечно незадоволни и напорни, во состојба се да приговараат по цел ден. Ни премногу веќе не им е доволно. Од стресот се ослободуваат чистејќи го станот, кинескиот порцелан и рачно собирајќи ги трошките од подот.
Уште 6 знаци на следната страна...