Хороскоп: Како да пронајдете време за љубов?

Ако мислите дека нема доволно часови за да квалитетно и онака како што сакате го поминете времето со саканата личност, секогаш постои начин да „создадете“ уште малку место во денот.

horoskop-kako-da-pronajdete-vreme-za-ljubov-01.jpg

Не знаете како?

Послушајте го советот на астролозите.

Овен
Имате хоби во кое што уживате? Пред само една година не сте знаеле за она што денес ви преставува страст, а сега сте неприкосновен експерт. Тоа е само уште една во низата ваши ситни опсесии кои ви пречат во создавањето на квалитетна љубовна врска. За кратко заборавете на своите желби и посветете му се на партнерот.

Бик
Биковите тешко го сфаќаат поимот брзинско излегување и запознавање, бидејќи романтичната љубов за нив е целовечерно излегување, романтично поминат ден или викенд. Така би можеле да завршите со прескокнување на љубовта. Издвојте барем еден час од времето во текот на денот за средба или неколку минути за брза романтична порака.

Близнаци
Вие имате неверојатна способност да обрнувате внимание дури и во моментите кога работите нешто друго. Ако сте презафатени со трчкање и обврски за да излезете на кафе, замолете ја симпатијата еден дел од обврските да ги заврши заедно со вас. Така ќе ви „летне“ времето.

Рак
Раковите се полни со љубов, но својата грижа и преданост не би можеле да ја пренесат на други работи ако се презафатени. Ако станувате премногу опседнати со некој деловен проект или домашно милениче, тоа е знак дека треба да успорите и да направите време за љубов.

Лав
Лавовите лесно запаѓаат во проблем со времето. Ако го поминувате своето време стекнувајќи и одржувајќи ја материјалната добивка, проверете дали можете малку да попуштите. Тоа време искористете го и поминете квалитетно време со луѓето кои ги сакате.

Девица
Девиците лесно стануваат опседнати со детали, што доведува до тоа да останат без слободно време. Било да се работи за останување на работа до доцна и довршување на проекти или поминување на викенд пред компјутер, обидете се да ја усогласите работата со слободното време.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg