Кој нерационален страв ве кочи во животот, според хороскопскиот знак?

Ракови, семејството ви е најважното нешто во животот, па јасно е кој е вашиот нерационален страв – дека некој член ќе ве напушти, дека ќе го изгубите или дека ќе му се случи нешто лошо.

koj-neracionalen-strav-ve-kochi-vo-zhivotot-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Не постои личност која нема стравови. И, стравовите се нормален дел од нашите животи.

Но, секој од нас има и по еден нерационален страв кој постои без некоја конкретна причина.

Проблемот е што овие нерационални стравови можат да ни бидат голема пречка во животот.

Кој е вашиот нерационален страв, според хороскопскиот знак?

Овен – страв од правење грешки

Како првиот знак во зодијакот, вие мора да бидете први во сè.

Имате натпреварувачки дух и некогаш, од страв дека нема да успеете, не ни пробувате некои работи.

Ова, пак, го кочи вашиот развој бидејќи испуштате многу можности во животот.

Вие лесно се справувате со секакви пречки, но мора да се ослободите од стравот дека ќе направите грешка бидејќи, сепак, од грешките и учиме.

Бик – страв од финансиска нестабилност

Вие сте под влијание на Венера, планетата на љубовта, убавината и парите. И, поради ова, вашите најголеми грижи во животот се поврзани со парите.

Кај вас е интересно тоа што, од една страна, вие сте мошне вредна личност, но од друга – знаете да бидете и многу мрзеливи.

А, бидејќи сте свесни за ова, постојано сте загрижени за тоа дали ќе имате доволно пари, дури и кога имате солидна заработка. И, ова ви создава непотребен стрес.

Близнаци – страв дека нема да бидете разбрани

Вие сте еден од најдруштвените знаци во зодијакот.

Дружељубиви сте и важна ви е комуникацијата со другите, но токму поради ова чувствувате нерационален страв од тоа да не бидете разбрани.

Вие имате и двојна природа, односно покажувате едно лице во јавност, а друго кога сте со најблиските.

Ова, пак, дополнително го влошува вашиот страв.

Рак – страв дека ќе го изгубите семејството

Најважните луѓе во вашиот живот се членовите на вашето семејство.

Па, веројатно е логично што најмногу ви е страв дека ќе изгубите некој од нив или дека ќе му се случи нешто лошо.

Многу сте заштитнички настроени кон овие луѓе и некогаш дури ги „задушувате“ психички.

Истовремено, страв ви е и дека некој од нив ќе ве напушти, дури и кога нема апсолутно никаква причина за тоа.

Лав – страв дека ќе ги разочарате другите

Вие изгледате како храбра и самоуверена личност која сака да биде во центарот на вниманието.

И, подготвени сте да направите сè за да го добиете тоа.

Но, истовремено, она што ве мотивира е стравот дека ќе ги разочарате другите.

Мислите дека секогаш треба да ги исполните, па и надминете нивните очекувања и со ова си создавате непотребен притисок.

Девица – страв од болести

Вие сте вистински хипохондрик и постојано сте опседнати со здравјето.

Внимавате на исхраната, вежбате и постојано се консултирате со лекар бидејќи живеете во страв дека ќе се разболите.

Дури и кога имате само обична настинка, вам ве прогонуваат мисли дека е всушност нешто многу сериозно.

Во ред е да се грижите за здравјето, но ова не треба да ви биде дополнителен стрес, особено кога нема причина за загриженост.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
3 хороскопски знаци кои важат за најдобри родители Риби, вие се сомневате во вашите родителски способности. Но, токму овој сомнеж в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg