Што ви создава стрес за празниците според хороскопскиот знак (и како да се ослободите од него)?

Рак - Според нив, празниците се време кога целото семејство треба да биде на купче, па ги излудува и им создава стрес кога некој член на семејството ќе каже дека има сопствени планови и сака да ги напушти.

shto-vi-sozdava-stres-za-praznicite-spored-horoskopskiot-znak-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-01.jpg

Божиќните и новогодишните празници се најубавиот период од годината, но за многумина може да бидат период што предизвикува стрес и чувство на непријатност.

Според астролозите, причинителите за стрес може да се разликуваат меѓу хороскопските знаци и може да се поврзат со карактерните особини на секој знак.

Што е она што може да ви предизвика стрес за празниците и како да си помогнете?

Овен

Познати по тоа што се мошне темпераментни и импулсивни, на Овните може брзо да им се расипе расположението кога работите не одат по нивен план.

Одложувањата на некои патувања или ненадејните промени на нивните одлично скроени планови може да бидат причинител за стрес и анксиозност.

Уште една работа што може да му го расипе расположението на Овенот е ако чувствува дека треба со денови да остане затворен во домот и да нема можност да се ослободи од вишокот енергија.

Најдобар лек е ако успеат и за празниците да одвојат време за физички активности, но и врескањето во перница или студениот туш исто така може да им помогнат.

Бик

Кога би можеле, Биковите воопшто не би излегле од удобноста на домот за празниците, а ги излудуваат гужвите, хаотичното возење, нервозата и долгите редици во маркетите, како и настаните на кои мора да се појават.

Тоа се луѓе што уживаат во комфорот и нема да штедат пари кога станува збор за храната, украсувањето на домот и на подароците, но ги излудува кога гледаат како луѓето се туркаат во маркетите и продавниците.

Најдобро ќе се справат со стресот само ако направат листа на приоритети - Што е она што е неопходно и мора да го завршат пред празниците, а што може да остават за периодот кога ќе помине еуфоријата?

Близнаци

Познати се како луѓе што уживаат во мултитаскинг и сакаат да бидат присутни насекаде, но таа нивна желба да се појават на сите важни настани и да комуницираат со што е можно повеќе луѓе, може да биде причинител за стрес и анксиозност.

Може да се случи да чувствуваат грижа на совест затоа што не одвоиле доволно време за да се дружат со најблиските во домот.

Најлесно ќе се ослободат од стресот ако прифатат дека нема ништо лошо понекогаш да се пропуштат некои настани и дека некогаш нема потреба на сите да им удоволат, туку е најдобро времето да го поминат само со луѓето што навистина им значат.

Рак

Раковите уживаат да ги поминуваат празниците дома, да готват, да го подготват домот за забава и да минуваат време со најблиските, но полудуваат кога чувствуваат дека никој не го цени нивниот труд и дека немаат контрола врз ситуацијата.

Исто така, според нив празниците се време кога целото семејство треба да биде на купче, па Раковите ги излудува и им создава стрес кога некој член на семејството ќе каже дека има сопствени планови и сака да го напушти семејното гнездо.

Добро би било да ги прифатат сопствените променливи емоции и да сфатат дека нема потреба да се нервираат, ниту емоционално да ги уценуваат другите, туку да ги прифатат работите такви какви што се.

Запомнете дека тоа што некој има поинакви планови од вашите, не значи дека ве отфрла и повеќе не ве сака.

Лав

Со оглед на тоа што се луѓе што сакаат да се покажат и да бидат во центарот на вниманието, Лавовите уживаат да се подготвуваат долго за забавите и настаните, а може да им предизвика стрес ако се случи нешто што ќе им ги расипе плановите.

Гостите не стигнале навреме, тоа што го подготвувале загорело, а подароците не им се допаѓаат на тие за коишто се наменети... Ова се само некои од причинителите за стрес на Лавовите.

За да се ослободат од стресот, најдобро е Лавовите да научат да побараат помош од блиските и да се фокусираат само на една работа што ќе ја завршат со темпото што ним им одговара. Исто така, добро би било да научат да ги намалат очекувањата и да не бидат премногу самокритични.

Девица

Ова се луѓе што се најподложни на стрес за време на празниците.

Со оглед на тоа што се работи за луѓе што се фокусирани на сите детали, може да им се случи да си зададат премногу обврски, па кога конечно ќе дојдат празниците да се чувствуваат преморени.

Најдобро е да прифатат дека треба секој ден по малку да го средуваат домот, наместо пред празниците да се фрлат на генералка, за која немаат ниту време ниту сила.

Исто така, добро би било да не се фокусираат само на деталите, туку да се потрудат да ја видат пошироката слика.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кои се вашите 3 најтоксични особини според хороскопскиот знак (и како да се справите со нив)? Риби - Ирационални, премногу чувствителни, постојано некаде летаат... Потребно е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg