4 хороскопски знаци кои имаат најголеми шанси да добијат на лото (бидејќи секогаш ги следи среќа)

Рибите имаат најголеми шанси да добијат на лото, и тоа не само поради астрологијата. Дури и истражување покажало дека најголем број добитници на лото се во знакот на Риби.

4-horoskopski-znaci-koi-imaat-najgolemi-shansi-da-dobija-na-loto-bidejkji-sekogash-gi-sledi-srekja-01.jpg

Многу луѓе редовно уплаќаат лото или играат игри на среќа, но никогаш не добиваат.

Други, пак, добиваат уште при првата уплата. Што значи, дефинитивно ги следи среќа во животот.

Кои хороскопски знаци спаѓаат во втората категорија и имаат најголеми шанси да добијат на лото?

Лав

Лавовите генерално ги следи среќа во животот, без разлика каде се и што прават. Па, голема е веројатноста да добијат и на лото.

Секогаш изгледаат добро, а имаат и низа обожаватели кои им помагаат да го добијат она што го сакаат.

Тие се убедени дека заслужуваат сè најдобро во животот, а веројатно ова има влијание и врз нивната среќа.

Бидејќи се чини дека сè им оди од рака, неретко се соочени со завист и љубомора, но не дозволуваат ова да допре до нив.

Девица

Девиците се едни од најсреќните знаци во астрологијата, што значи имаат доста големи шанси да добијат на лото.

Обрнуваат внимание на секоја ситница и се мошне вредни, па изгледа дека што и да наумат, успеваат да го направат.

Иако во голема мера ова зависи од нивната трудољубивост, не може да се занемари среќата што ја имаат во сите подвизи.

Тие се успешни бидејќи се трудат, но и бидејќи ги следи среќа.

4-horoskopski-znaci-koi-imaat-najgolemi-shansi-da-dobija-na-loto-bidejkji-sekogash-gi-sledi-srekja-02.jpg

Скорпија

Кога станува збор за среќа, дефинитивно и Скорпијата е знак кој ја има во изобилство.

Скорпиите секогаш се наоѓаат на вистинско место во вистинско време, како магија.

Постои голема веројатност барем еднаш во животот да освојат голема сума на лото, но тогаш не треба да заборават да останат скромни. Во спротивно, можат да си го уништат животот.

Риби

Рибите дефинитивно се знакот кој има најголеми шанси да освои на лото.

И, тоа не само поради наклонетоста на ѕвездите, туку и поради истражување.

Според анализата на победници на лото, се покажало дека дури 11,6% од оние кои освоиле премиум добивка се во знакот на Риби.

Рибите не трошат многу време на планирање и генерално се спонтани, а токму ова честопати ги става во ситуации каде што се во добивка, и тоа не само материјална.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопските знаци рангирани според нивната среќа – Близнаците се најголем баксуз Скорпии, дефинитивно ве следи среќа, но единствениот проблем ви е што некогаш не...
Една голема промена која му претстои во животот на секој хороскопски знак Близнаци: Ќе погледнете во огледалото и ќе видите нова личност, ќе го почнете по...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg