Во каков секс е најдобар секој хороскопски знак? (18+)
Вагите најдобро знаат како да ве доведат до работ на оргазам, а потоа да се повлечат и да почнат да ве задоволуваат од почеток.
Повеќето луѓе не знаат како изгледаат за време на сексот – тоа го гледа нивниот партнер. И секој е добар во нешто – некој сака да му пружи повеќе задоволство на партнерот, друг се грижи за своето задоволство, на трет му е убаво кога има секс набрзина.
Астролозите велат дека секој е предодреден за различен тип на секс.
Во каков тип на секс е најдобар секој хороскопски знак?
Овен
Овните не сакаат многу предигра, сакаат да го задоволат партнерот, но и тој да им обрне внимание. Тие не сакаат романтично водење љубов - најдобри се во валкан, груб секс.
Бик
Бикот мора да знае дека на партнерот му е убаво за и тој да ужива во сексот. За Биковите, сексот е и емоционално и физичко искуство. Никој подобро од нив не знае долго да ужива во сексот – тие сакаат сексот да трае и трае.
Близнаци
Близнаците се најдобри во секс набрзина. Тие не сакаат обичен, здодевен секс, туку играње улоги, фантазирање и секс во тројка (па и повеќе партнери одеднаш).
Рак
Раковите сакаат бавно водење љубов, во тоа се најдобри. Тие не сакаат изненадувања, ниту секс за една вечер.
Лав
Лавовите сакаат да доминираат во сексот и да имаат контрола. Познати се како одлични љубовници и се гордеат со тоа.
Девица
Девиците секогаш обрнуваат внимание на деталите, па дури и кога е во прашање сексот. Тие секогаш знаат што сака нивниот партнер и му го даваат тоа.