Амел Чуриќ е победник на Х-фактор Адриа, Боби е втор (видео)

Се одржа и големото финале на Х-фактор Адриа во кое се избра новиот поедник, Амел Чуриќ од Босна и Херцеговина.

amel-curic-e-pobednik-na-x-faktor-adria-bobi-e-vtor-video-02.jpg

По многу аудиции, емисии, пресврти, испаѓања и враќања на кандидати, на крајот мораше да се избере само еден победник.

Од Македонија имаше двајца претставници скоро до самиот крај, во групата под менторство на Александра Ковач.

Давид Темелков испадна пред самиот крај, а Боби Мојсовски беше оној кој храбро и лавовски се бореше до последен миг и стигна до суперфиналето да биде втор.

Боби ја претстави Македонија во вистинско светло со својот талент и раскошен глас за што добиваше само аплаузи, пофалби и најпозитивни коментари од жирито кое секојпат беше воодушевено.

Тој ниту еднаш не се најде во дуелот за спас, а со оглед на бројните фанови и многуте гласови, успеа дури и во финалето, покрај толку моќни пејачи од останатите земји, да премине три круга и да стигне до крајот.

amel-curic-e-pobednik-na-x-faktor-adria-bobi-e-vtor-video-01.jpg

Веројатно мала разлика на гласови одлучи меѓу него и одличниот Амел Чуриќ, тој да биде втор.

Без разлика на тоа што беше болен и под дејство на инјекции, Боби ги испеа маестрално сите три песни.

Првиот круг го отвори токму тој со песната „Полско цвеќе“ од Тоше Проески.

Во вториот круг настапи со песната „Show must go on“ од Queen:

А во третиот круг настапи со „Bed of roses“ од Bon Jovi, со која настапи и на првата аудиција.

Амел Чуриќ е веќе познат на поголемиот дел од публиката преку друго талент шоу на кое има победено пред 11 години и веќе е препознатлив по својот глас, но еднакво добар, поради што и го освои првото место.

Како награда доби 20.000 евра, договор со Sony Music и насловна страница во магазинот Rolling Stones.

Ова е еден од неговите најдобри настапи:

Вистински спектакл на вечерта беше и настапот на британскиот победник на Х-фактор, сега веќе голема ѕвезда, Џејмс Артур.

Без разлика на тоа кој е победник, Боби со оглед на талентот кој го покажа се очекува да стане голема македонска ѕвезда со која сите ќе се гордееме.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg