Квиз: Погодете каде се наоѓа акцентот на зборовите во македонскиот јазик
Сигурно го знаете основното правило за акцентирање во македонскиот јазик, но дали ги знаете и исклучоците?
Кога станува збор за акцентирањето во македонскиот јазик, сите го знаеме основното правило – акцентот е на третиот слог од крајот на зборот. Но, од ова правило постојат бројни исклучоци.
На пример, правилото не може да важи за зборови кои имаат помалку од три слогови. Покрај тоа, во македонскиот јазик има и многу зборови од странско потекло за кои не важи основното правило.
Во македонскиот јазик има и акцентски целости, односно два збора кои се изговараат со еден акцент.
Бидејќи секој дијалект има различно акцентирање, некогаш може да биде предизвик да одредите каде треба да стои акцентот на одреден збор од литературниот јазик.
Но, ако сте внимавале на часовите по македонски, сигурно се сеќавате на исклучоците, дури и ако одамна не сте зборувале литературно.
Во продолжение следат 10 зборови и изрази, а вие треба да одредите на кој слог се наоѓа акцентот.