Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Клетва (колнење)


Ако колнете некого во сон значи дека треба да внимавате што зборувате, неволја.

Клешти

Клешти значат дека треба да избегнувате здодевно друштво.

Кловн

Ако видите кловн во циркус ви се заканува исмевање на јаве.

Клопче (волнено)

Ако видите волнено топче во сон значи грижи, љубовни интриги.

Клукајдрвец

Упорноста ќе ви се исплати.

Клупа

Клупата во сонот означува добивка, голема заработка, среќа.

Клуч

Ако најдете: добивка, богатство; ако изгубите: мали расправии; ако видите: ќе добиете добра домаќинка, среќа во љубовта; ако имате голем клуч: ќе преживеете некое насилство; сет клучеви: добивка.

Книга

Ако напишете: нови деловни успеси на повидок; ако читате: чест, достоинство, мудрост; ако гори: лутина, загуба на пријатели; затворена: опасност, неповолни вести; отворена: загуба, мали непријатности; ако купувате: ќе дознаете новости.

Книга со рецепти

Ако сонувате дека читате книга за готвење, т.е. рецепти за јадење значи дека не сте сигурни во својата стручност.

Ковач

Ако ги видите тоа значи дека треба да очекувате голема добивка.

Ковчег

Со тело: смрт, тага, нарушувања; празен: грижа, лутина, долгови; да се биде во него: долг живот; ако го купите: сиромаштија.

Коза

Ако видите коза во сонот предупредува на болест во семејството, понижување, озборување.

Кокодакање

Ако слушнете кокодакање во вашиот сон, истиот ве предупредува дека ќе добиете лоши вести на јаве.

Кокос

Ако јадете кокос во сонот: посакувате повеќе внимание, ќе свртите внимание кое себе преку некои дела. Ако видите кокос: ви претстои долг живот, исполнет со среќа и задоволства.

Кокошка

Слаба: срам, срамота; дебела: ќе доживеете голема почест и среќа; со пилиња: среќа во љубовта, венчавка, добивка; на јајца: ќе ви се прошири бизнисот, љубовни освојувања; ако ја брка петел: не верувајте, јавете се првин на пријателот; ако ги храните: хармоничен брак.

Колачи

Ако видите колачи во сонот значи дека ве очекува среќа, радост, гости, деловен успех.

Колбас

Ако јадете: Ќе ви се исполни некоја желба; ако подготвувате: ќе бидете добар домаќин/домаќинка.

Колепка (бебешко креветче)

За слободните: скорешен брак; за венчаните: крштевка, зголемено семејство.

Колиба

Ако сонувате колиба предупредува на болест, сиромаштија.

Колкови

Убави женски: имате прилично неостварливи желби; грди: расправија во домот; слаби: грижи,  болест; јаки, развиени: здравје.

Комарец

Ви претстојат мали проблеми кои многу брзо ќе ги решите.

Компас

Сонувањето компас значи да се држите до избраниот пат, не свртувајте.

Компири

Ако вадите: среќа, добивка; ако јадете: беда, сиромаштија, немаштија; ако садите: благосостојба, добри зделки; ако лупите: грижа, нерасположение.

Комплимент

Ако добиете: не им верувајте на луѓето што ви ласкаат; ако дадете: ќе станете вообразени.

Конец

Бел: неправедно сте осомничени; обоен: не се мешајте во туѓи деловни активности; заплеткан: ќе западнете во некоја опасност.

Концерт

Ако сонувате концерт значи дека наскоро ќе се радувате.

Коњ

Ако видите коњ во сонот значи дека ве очекува период на благосостојба, мир и успех.

Копан

Јадење копан во сон значи дека ти претстои долг и мирен живот.

Копање

Ако копате нешто во сон ви се заканува дека ќе се обелоденат старите грешки, неволја.

Копар

Доколку во сон видите копар, тоа значи дека конечно ќе имате доволно време да се посветите на уживање со пријателите и семејството.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg