Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Каранфил


Ако сонувате каранфил значи дека ви претстои радост, задоволство.

Карневал

Ако видите карневал во сонот предупредува на тага, сомневање.

Карпи

Ако видите карпи на копно значи дека ќе ги надминете сите тешкотии, додека на морскиот брег тоа значи дека нема да успеете без туѓа помош.

Карти (шпил)

Ако учествувате во игра: лутина, расправија; ако гледате игра: преку измама ќе стекнете добивка/заработка, љубовни интриги.

Каса

Полна со пари: богатство; празна: неволји, долгови, сте станале лековерни; ако земате пари од каса: горчливо разочарување.

Катанец

Предупредува да се вардите од кражби.

Катран

Ако сонувате катран значи дека ќе доживеете понижување, болест.

Кауч

Ако видите кауч во сон значи дека ќе уживате во семејната среќа.

Кафе

Ако пиете кафе: озборување; ако подготвувате кафе: очекувајте посета; ако мелете кафе: лутина, расправа со жената.

Кафеава боја

Кафеавата боја во сон укажува дека е време да се „спуштите на земја“ и да преземете одговорност за своите постапки.

Кафеана

Ако видите: неповолни вести, расправија; ако седите во неа: за вас не важи поговорката: „времето е пари“; ако седите во кафеана без пари: непријатно изненадување.

Кафез

Ако е празен: ослободување од претерани грижи; со птица: ќе запознаете пријател кој е сличен на вас.

Кафемат

Нов  – можна е преселба. Стар – ќе имате работа околу уредување на домот.

Кафуле

Сонувањето кафуле значи дека ве следат парични издатоци, загуби, трошоци.

Кацига

Ако сонувате кацига значи дека ќе добиете помош кога ќе ви биде потребна.

Кашлица

Ако кашлате во сон предупредува да се вардите од ласкавци и полтрони на јаве.

Кеј (крајбрежје)

Имате некого кој би сакал да ве штити, сите опасности се зад вас.

Келнер

Келнер во сонот предупредува на непотребни трошоци, неслога.

Келнерка

Келнерка означува дека ве очекува веселба.

Кибрит

Кибритчињата во соништата симболизираат добивка, пријатно изненадување во реалноста.

Кивање (кивавица)

Кивавица во сонот предупредува да се вардите од измами на јаве.

Киви

Ако сте сонувале киви тогаш тој сон означува промени на работа, напредок во работата, финансиска добивка. За некои луѓе пак значи сосема спротивно, проблеми на работа, финансиска загуба.

Киднапирање

Ако украдете/одземете нешто во сон симболизира раздор во брак, кавга помеѓу љубовниците.

Кики/ плетенки

Ако видите: ќе се заљубите; ако носите: среќата е на ваша страна; ако имате преголеми: несреќа; ако плетете, чешлате: среќа во бракот, радост; ако скратите: ќе се ожалостите.

Кикиритки

Победа на некој натпревар со некого или пријателски настроено натпреварување или надигрување.

Килим

Ако видите килим на сон тоа значи дека ќе бидете лути на некого од фамилијата. Килим кој лета означува дека нема да ви се исполни желбата.

Кинези / Кина

Ако видите Кинез во сон значи дека ќе одите на пат, додека ако разговарате со него значи дека ве очекува посета од странство.

Кино

Ќе дознаеш голема тајна, ќе разјасниш голема мистерија.

Кит

Ако сонувате кит значи дека ви претстојат големи грижи.

Клавир

Ако видите клавир: среќен брак, радост; ако свирите: непријатни вести; ако слушате: се враќате на старата љубов.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg