Крај на светот во мај 2011?

kraj-na-svetot-vo-maj-2011-povekjeАко сте меѓу оние кои веруваат дека судниот ден ни се ближи, стигнуваат лоши вести. Откако е утврдено дека 21.12.2012 не е фаталниот датум група христијани од САД...

 

...објавија нова теорија. Односно – две теории.

Учесниците во проектот Caravan веќе 5 месеци живеат на улица. Луѓето кои се придружија кон овој проект веруваат дека крајот на светот нè очекува на 21 мај 2011 и тргнаа на долг пат за да го информираат остатокот од светот за ова.

Зад себе оставиле се – семејства, недвижности, пријатели и кариера и се одлучиле последните месеци од својот живот да ги поминат на улица.

Идејата на овој проект потекнува од христијанскиот могул Харолд Кампинг.

Според неговото учење, на 21 мај 2011 светот ќе го погоди земјотрес од кој целата Земја ќе се дрма, по што ќе се појави Исус и ќе поведе само одбрана група луѓе со себе на небото. Ова е само првиот дел од крајот на светот.

Имено, оние ретките кои ќе го преживеат земјотресот, наредните 153 дена, до конечниот крај на светот кој ќе биде на 21 ноември 2011, ќе ги поминат окружени со смрт и ужас, тврдат следбениците на овој проект и истакнуваат дека „Библијата го гарантира ова“.

На прашањето „Што ако се разбудат на 22 мај и ништо од ова не се случи“ не сакаат да одговорат затоа што тоа би значело дека се сомневаат во Библијата.

Кампинг и порано тврдеше дека крајот на светот ќе биде на 6 септември 1984 година, а својата грешка денес ја правда со некои грешни знаци кои го одвлекле од иницијалната пресметка дека 2011 ќе биде фаталната година.

Би можело да ве интересира:

„Не ги бричам нозете и пазувите и на тој начин се штитам од несакани машки погледи“ Делуваат ли влакната на телото одбивно и би се откажале ли од депилација за мажи...
Пепелашка од реалноста! Девојка намерно ја „загубила“ сандалата во кралската палата во Данска на род... „'Загубената' сандала требаше да даде бајковит крај на забавата во стилот на Пеп...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Биле изолирни, не смееле да контактираат со семејствата: Животот на жените во кинескиот царски харем Жените кои биле дел од кинескиот царски харем постојано се бореле за вниманието ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Ја споредуваат со Хулк - Бодибилдерка од Бразил јаде 7 пати дневно за да ја одржи формата (фото) Бразилката Рафа Араујо е бодибилдерка која вели дека јаде дури седум големи обро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg