Се шпекулира дека ѝ е татко на Клои Кардашијан, одговараше за двојно убиство: Кој е О. Џ. Симпсон?

По вчерашната вест за смртта на О. Џ. Симпсон, јавноста се присетува на шпекулациите дека тој е биолошкиот татко на Клои Кардашијан. За што всушност е познат Симпсон и дали навистина ѝ е татко на Клои?

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-01.jpg

Синоќа (11.04) американските медиуми споделија дека почина О. Џ. Симпсон, по кратко боледување од рак.

За американската јавност, Симпсон е мошне позната личност – тој беше NFL рагбист, кој подоцна беше обвинет за двојно убиство.

Притоа, на судењето, негов адвокат беше никој друг, туку Роберт Кардашијан, односно таткото на Ким, Клои и Кортни.

Истовремено, со години кружат гласини дека тој имал афера со Крис Џенер и дека тој е биолошкиот татко на Клои Кардашијан.

По вестите за неговата смрт, социјалните мрежи беа преплавени со пораки за сочувство упатени кон Клои, што јасно покажува дека дел од јавноста уште верува во шпекулациите.

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-19.jpg

Кој е О. Џ. Симпсон и каква е неговата поврзаност со Кардашијанс?

О. Џ. Симпсон беше мошне познат рагбист, а извесен период се проба и како актер.

Но, дефинитивно е најпознат по судењето од 1995 година, кое Американците неретко го нарекуваат и „судење на векот“.

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-16.jpg

Во 1985 година, Симпсон се венча со Никол Браун – жената за чие убиство подоцна ќе одговара.

Парот доби две деца, а се разведоа во 1992 година.

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-17.jpg

Две години подоцна, во јуни, Никол била на вечера во ресторан во Лос Анџелес.

Келнерот Рон Голдман, кој работел во ресторанот, истата вечер отишол во домот на Никол, наводно за да врати пар очила што мајка ѝ ги заборавила на масата.

Околу полноќ, келнерот и бившата на Симпсон биле пронајдени мртви, во домот на Никол. И двајцата имале убоди од нож.

Истиот ден, Симпсон бил во Лос Анџелес, но доцна навечер отишол во Чикаго со авион. Следниот ден се вратил во Лос Анџелес, а како прв осомничен, полицијата веднаш го испрашала, но не бил приведен.

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-07.jpg

На 17-ти јуни, сомнежот кон Симпсон пораснал и му било наредено да се предаде на полицијата. Но, наместо тоа, Симпсон одлучил да бега.

Тој побегнал со автомобил заедно со негов пријател, а полицијата го бркала со автомобили, но и хеликоптери.

Брканицата низ автопатиштата во Јужна Калифорнија се пренесувала на телевизија и наводно ја следеле над 95 милиони Американци.

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-13.jpg

На крај, Симпсон се предал и бил приведен.

Во 1995 година почнало судењето, а дел од неговиот адвокатски тим бил и Роберт Кардашијан, таткото на Клои.

Неговите адвокати тврделе дека тој бил погрешно обвинет, додека обвинителите стоеле на ставот дека Симпсон бил манипулатор кој ја малтретирал бившата сопруга.

Исто така, тогаш цврст доказ против него била и крвта на убиените која била најдена во автомобилот на Симпсон, заедно со фактот дека ноќта кога се случило убиството, тој немал алиби.

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-05.jpg

Во октомври 1995-та, Симпсон бил ослободен од сите обвиненија, а никогаш не го променил ставот дека е невин.

Сепак, бидејќи поротата во граѓански суд сметала дека тој е виновен за убиството, му било наредено да плати отштета од 33,5 милиони долари на семејствата на Никол и Рон.

Иако судиите верувале дека е невин, репутацијата на Симпсон ќе остане уништена, а подоцна ќе има и други судири со законот.

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-11.jpg

Во септември 2007 година, Симпсон со група мажи организирал грабеж во хотел и казино во Лас Вегас. Имено, тврдел дека сакал да украде спортски сувенири кои биле изложени таму, а биле лично негови.

Во кражбата, тој се заканувал и со пиштол, па доби затворска казна до 33 години за грабеж.

Симпсон се извини, тврдејќи дека не бил свесен дека прави нешто нелегално, но сепак беше испратен во затвор.

Во 2013-та, тој побара ново судење и беше одбиен. Сепак, истата година му дадоа можност за условно ослободување поради добро однесување.

se-shpekulira-deka-e-tatko-na-kloi-kardashijan-odgovarashe-za-dvojno-ubistvo-koj-e-o-dzh-simpson-12.jpg

Тој беше на сослушување дури во 2017-та, по што беше пуштен на слобода, но условно. Тогаш Симпсон имаше 70 години.

По ослободувањето, Симпсон живееше мирен живот, но беше активен на Твитер каде што редовно коментираше за политичките случувања во САД.

На 11-ти април годинава, неговото семејство соопшти дека починал од рак, само два месеца по дијагнозата.

„На 10-ти април, нашиот татко ѝ подлегна на битката со ракот. Беше опкружен со неговите деца и внуци.

За време на овој период на транзиција, неговото семејство ве замолува да ги почитувате нивните желби за приватност“.

На следната страница прочитајте од каде потекнуваат теориите дека тој ѝ е татко на Клои Кардашијан …



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg