Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Најдобро рангираниот македонски каратист, Петар Заборски, остави најдобар впечаток на Европското првенство што од 8 до 12 мај се одржа во Задар. Членот на скопски „Макпетрол“ се пласира на петтата позиција во категоријата под 75 килограми. На турнирот во Хрватска, тој имаше борба за бронзен медал со Тијаго Дуарте од Португалија.

zaborski-od-makpetrol-petti-vo-evropa-na-shampionatot-vo-zadar-01.jpg

Заборски загуби со минимален резултат 1-2 и заврши како петтопласиран во Европа.Најдобро рангираниот македонски каратист, Петар Заборски, остави најдобар впечаток на Европското првенство што од 8 до 12 мај се одржа во Задар. Членот на скопски „Макпетрол“ се пласира на петтата позиција во категоријата под 75 килограми. На турнирот во Хрватска, тој имаше борба за бронзен медал со Тијаго Дуарте од Португалија. Заборски загуби со минимален резултат 1-2 и заврши како петтопласиран во Европа.

Во категоријата под 75 килограми, Петар Заборски ги оствари следниве резултати против: Даниел Сантионеану (Романија) 2-0; Евангелос Серметакис (Грција) 2-1; Давид Подсклан (Словачка) 1-0. Во полуфиналето тој загуби од Иван Мартинац од Хрватска (0-3), а во борбата за бронза беше поразен од португалскиот репрезентативец Дуарте. 

Петар Спасеновски, исто така од „Макпетрол“, го победи Фредерико Лопез Салас (Норвешка) со 7-4, а беше поразен од Тургут Хасанов (Азербејџан) со 1-3. Данило Божовиќ со Матиос Стијану (Кипар) имаше нерешен резултат (3-3), но првенството за него заврши како резултат на прв освоен поен од противникот.

zaborski-od-makpetrol-petti-vo-evropa-na-shampionatot-vo-zadar-02.jpg

Симона Заборска ја победи Елена Березовскаја од Молдавија (3-0), но загуби од Александра Џикиќ од Србија (0-4). Ангела Мојсовска беше подобра од Лине Зачо Кудсен од Данска (2-0), но првенството го заврши по мечот со Влера Керими од Косово како резултат на прв осовен поен на противничката. 

Членовите на „Макпетрол“ беа дел и од македонскиот кумите тим и се пласираа на седмата позиција во екипна конкуренција на овој Европски Шампионат. На собирот во Задар учествуваа 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.

Би можело да ве интересира:

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на едно...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Заборски од „Макпетрол“: итно да се промени селекторскиот кадар на сениорската карате репрезентација Карате клубот „Макпетрол“ реагира на настапот на сениорската карате репрезентаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg