На раката на Парис Хилтон заблеска огромен веренички прстен од 2 милиони долари
- Детали
- среда, 03 јануари 2018
Парис Хилтон веќе долго време не е популарна како порано, но вчера таа им го привлече вниманието на сите кои досега не ја следеа.
36-годишната објави неколку Инстаграм фотки и видео од моментот кога му кажува „да“ на нејзиното момче Крис.
Тој ја запроси на Аспен, а она што им „забоде во очи“ на сите е огромниот дијамантски веренички прстен кој чини вртоглави 2 милиони долари.
Иако е наследничка на големо богатство, сепак таа е импресионирана и постојано се фали и слика со прстенот кој не може да остане незабележан.
Парис објави и фотка на која таа позира во профил, а на неа има дијамантски обетки, дијамантски чокер и најновиот аксесоар, кој го доби од вереникот, а во описот напиша „Дијамантите се засекогаш“, во случај некој да се посомнева...
М. М. | Црнобело