Тамара Милановиќ од „X-фактор“ на светската Exit сцена (видео)
- Детали
- понеделник, 14 јули 2014
Тамара Милановиќ ја освои публиката на „Х-фактор“ со своите емотивни и моќни настапи. Таа остана до финалето рамноправно да се бори со нашиот Даниел Кајмакоски, но иако не победи, освои специјална награда за настап на овогодинешниот Exit фестивал.
Во фантастична фестивалска атмосфера, понесена од публиката и целото случување таму, Тамара се претстави со авторска песна која ја изведе со нејзиниот брат Дуле и во придружба на алтернативниот рок бенд Stray Dogg.
„Многу сум возбудена и среќна што благодарение на „Х-фактор“ и организацијата на Exit настапив на главната бина на најдобриот европски фестивал. Ми се оствари она за што секогаш сум сонувала. Имав прилика конечно да отпеам своја песна пред огромен број луѓе заедно со мојот брат.
Песната се вика „Bliss“, на англиски јазик е и настана во еден многу емотивен момент, кога почина нашиот дедо. Настапивме заедно со нашиот другар Дукат од бендот Stray Dogg и одлично си поминавме.
Иако имав голема трема, уживав. Мило ми е што песната ѝ се допадна на публиката и однапред се радувам на новите музички предизвици!“ – изјавила Тамара по настапот.