Темниот Витез со најгледан викенд во историјата на филмот!

batman_small.jpgТемниот Витез (The Dark Knight), вториот дел од Бетмен сагата на режисерот и сценарист Кристофер Нолан ги покори благајните имајќи наголем викенд во историјата на кинематографијата со направени над 65 милиони долари првиот ден и со 157 милиони за целиот викенд.

The Dark Knight ги оправда очекувањата на најдобар можен начин со успех како кај публиката, така и кај критиката која веќе го споредува соbatman1.jpg легендарниот Кум 2, како најдобро продолжение на игран филм.

Batman Begins пред три години остави одличен впечаток меѓу фановите на мрачниот стрип херој, па затоа се очекуваше неговото продолжение The Dark Knight да оствари голем успех, меѓутоа овие бројки ги изненадиле дури и самите продуценти на филмот.

Интересно е да се каже дека имало толкава побарувачка за карта повеќе што филмот се прикажувал сите 24 часа, па дури биле распродадени и прикажувањата на филмот во 1, 3 : 30 и 6 часот наутро.

Главните јунаци ги играат Кристијан Бејл, кој ја репризира улогата на Бетмен, покојниот Хит Леџер маестрално го преставува главниот негативец Џокер и Арон Екхарт како државниот обвинител/негативец Харви “Две лица” Дент (2 Face).

За жал, иако во цел свет со нетрпение се очекува и се гледа овој филм, кај нас нема никакви најави за негова презентација.

 

batman3.jpg

Би можело да ве интересира:

Принцот Вилијам - 191cm, Лејди Гага - 155cm: Колку се навистина високи светските ѕвезди? Топ-моделот Синди Крафорд има 175cm, исто колку и Џастин Бибер. Актерот Питер Ди...
Кети Пери со рогови, Лорен Санчез ги покажа облините во фустан од кристали - Како Џеф Безос го просл... Како ќе се облечете ако имате можност да одите на роденденската забава на еден о...
16 ѕвезди кои изгледале „обично“ пред да станат славни (фото) Од Метју Меконахи, преку Џенифер Анистон, до Џон Леџенд и Бруно Марс - како изгл...
Направи култ со неговите обожавателки, заведува малолетнички: Скандалозниот живот на Џаред Лето (51) Многу поранешни обожавателки го обвинија Џаред Лето дека ги принудувал на секс к...
Раскошни тоалети и неколку модни утки: Што носеа ѕвездите на доделувањето на SAG наградите? Од мажите, можеби највпечатлив беше Килијан Марфи со елегантен костум со риги, а...
Викторија скока, а Никола се тетерави со високи потпетици на плажа – Како дизајнерката ѝ го честита ... Викторија Бекам скока боса во песокот, а нејзината снаа Никола Пелц со високи по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg