Се породи Кортни Кардашијан: Се откажаа од ин витро, имаа застрашувачка операција на фетусот

„Оваа бременост е ‘божја волја’, таа се случи откако со Тревис се откажавме од ин витро и воопшто не размислувавме за деца“ – рече во една пригода Кортни Кардашијан. Ријалити ѕвездата и нејзиниот сопруг станаа родители на момче, кому му дадоа необично име.

se-otkazhaa-od-in-vitro-imaa-zastrashuvaka-operacija-na-fetusot-kortni-kardashijan-se-porodi-so-sinot-na-trevis-barker-01.jpg

Кортни Кардашијан се породи и на свет го донесе синот Роки 13 Баркер.

Засега Кортни (44) и нејзиниот сопруг Тревис (47) не даваат изјави за медиумите, но се знае дека ријалити ѕвездата најверојатно се породила во текот на изминатите денови.

se-otkazhaa-od-in-vitro-imaa-zastrashuvaka-operacija-na-fetusot-kortni-kardashijan-se-porodi-so-sinot-na-trevis-barker-02.jpg

Вестите во сите светски медиуми беа објавени откако Тревис беше фотографиран како влегува во болница, каде што дојде и сестрата на Кортни, Кајли Џенер, но засега парот не дава официјални изјави за медиумите.

se-otkazhaa-od-in-vitro-imaa-zastrashuvaka-operacija-na-fetusot-kortni-kardashijan-se-porodi-so-sinot-na-trevis-barker-03.jpg

Се знае дека парот се обиде неколкупати да забремени со помош на ин витро, но Кортни остана бремена дури откако најави дека се откажува од сите третмани за зачнување и во една пригода рече дека тоа што успеала да остане во блажена состојба по природен пат, било „божја волја“.

„Само би рекла: ‘Како можеш да ја доведуваш во прашање божјата волја?’

Затоа што така гледам на оваа бременост, која следеше во моментот кога јас и Тревис веќе не ни размислувавме за бебе и веќе една година имавме прекинато со третманите за ин витро“ – рече таа.

se-otkazhaa-od-in-vitro-imaa-zastrashuvaka-operacija-na-fetusot-kortni-kardashijan-se-porodi-so-sinot-na-trevis-barker-05.jpg

Парот исто така во септември годинава помина низ уште еден страшен период, кога Кортни мораше да оди на операција на фетусот со цел да се спаси животот на нивното бебе.

„Како личност која имала три лесни бремености во минатото, не бев подготвена за стравот од итната операција на фетусот. Мислам дека оној кој не бил во слична ситуација не може ни да го разбере чувството на страв.

Имам потполно ново разбирање и почит за мајките кои морале да се борат за нивните бебиња додека биле бремени.

Му благодарам на Бог. Излегувањето од болницата со моето момче безбедно во стомакот беше вистински благослов“ - објави тогаш Кортни.

Само неколку денови пред породувањето, Тревис откри дека нивниот син ќе се вика Рики 13 Баркер, а посочи дека терминот на Кортни е на Halloween (31.10), но очигледно таа го носела бебето неколку дена подоцна.

se-otkazhaa-od-in-vitro-imaa-zastrashuvaka-operacija-na-fetusot-kortni-kardashijan-se-porodi-so-sinot-na-trevis-barker-04.jpg

За потсетување, Кортни објави дека е бремена во јуни годинава, кога на концертот на нејзиниот сопруг во публиката носеше транспарент на кој пишуваше:

„Тревис бремена сум!“

se-otkazhaa-od-in-vitro-imaa-zastrashuvaka-operacija-na-fetusot-kortni-kardashijan-se-porodi-so-sinot-na-trevis-barker-06.jpg

Ова воедно е 4-то дете на Кортни, која има три деца од претходната врска со Скот Дисик, Рејн Астон (8), Мејсон Даш (13) и ќерката Пенелопи Скотланд (11).

Додека, Тревис има две деца од бракот со Шана Моаклер, синот Ландон (20) и ќерката Алабама (17), но тој се грижи и за посвоената ќерка Атиана де ла Хоја (24).

se-otkazhaa-od-in-vitro-imaa-zastrashuvaka-operacija-na-fetusot-kortni-kardashijan-se-porodi-so-sinot-na-trevis-barker-07.jpg

Прочитајте и Вагинална пареа, пиење семена течност – Кортни и Тревис со „бизарни“ методи за забременување, по неуспешното ин-витро (фото)

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg