Зошто сопствениот глас го слушаме различно?

Си го слушаме сопствениот глас на еден начин, а потоа ако се снимаме, на сосема поинаков начин - сите ние сме го искусиле овој чуден и речиси непријатен момент кога ќе се изненадиме од тоа како звучиме на снимката.

zoshto-si-go-slushame-glasot-razlicno-001.jpg

Постои објаснување за овој феномен. Причината е прилично едноставна. Кога го слушаме нашиот глас од снимка, звучните бранови кои произлегуваат од звучниците патуваат до нашите уши низ воздухот и тогаш го слушаме нашиот глас на начин на кој другите луѓе нè слушаат кога зборуваме.

Но, кога го слушаме сопствениот глас кога зборуваме, го слушаме на два различни начини - внатрешно и надворешно. Прво го слушаме звукот кој произлегува од нашата уста и истовремено ги слушаме вибрациите кои се произведуваат од нашите гласни жици кои патуваат низ нашата глава.

Коските во нашата глава имаат тенденција да ги зголемат пониските фрекфренции и токму затоа гласот си го слушаме како подлабок отколку што навистина е.

Па, ако сакате да слушнете како навистина звучи вашиот глас снимете се или доволно е да го покриете левото уво додека зборувате.

zoshto-si-go-slushame-glasot-razlicno-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg