Дали е возможна телепатијата?

Телепатијата е способност за размена на мисли и чувства помеѓу две лица од далечина без посредство на медиуми. Зборот телепатија доаѓа од грчките зборови tele: далечина и pathe: чувство.

dali-e-vozmozna-telepatijata-001.jpg

Телепатијата постои иако не е докажана, така велат научниците кои ја проучуваат. Имено, постои врска помеѓу две лица, размена на чувства и мисли на далечина, понекогаш и на долги растојанија.

Сепак, не е докажано на кој начин се поврзани тие размени. Според тоа, телепатијата постои како научно прифатен феномен, но не и докажан.

Забележани се многу случаи на пренос на емоции. Лицето кое емитира порака обично интензивно размислува за лицето на кое пораката е наменета, при што се пренесуваат слики, а не мисли.

Еден од најпознатите експерименти во врска со телепатија се Зенеровите карти. Се работи за збир карти означени со 5 различни симболи. Во експериментот постои лице „примач“ и лице „испраќач“.

Испраќачот мора случајно да изберете карта и да го визуелизира симболот, а примачот треба да го погоди, односно да каже за која карта се работи.

dali-e-vozmozna-telepatijata-1.jpg

Друг познат експеримент е Ганцфелдовиот експеримент. Според него, „примачот“ се наоѓа во контролиран простор каде што му се одземени сите информации, а „испраќачот“ е на некое друго место далеку од него. Целта е примачот да ги добива информациите од испраќачот.

И кучиња се телепати

Кучињата се толку координирани со луѓето што во ист момент можат да почувствуваат разлика во нашите емоции: дали сме возбудени, уморни или депресивни. Иако истражувачите веруваат дека телепатија на кучињата им е вродена, домашните кучиња многу поуспешно ги „читаат мислите“ од дивите кучиња.


Близнаците ги делат мислите

Дури и кога се оддалечени илјадници километри, тие велат дека можат да чувствуваат што им се случува во интензивните моменти како што се: автомобилски несреќи, болка, страв и сл.

dali-e-vozmozna-telepatijata-2.jpg

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg