Белите дробови на Белград станаа сиви

Пред десетина дена, во центарот на Белград на билборд осамнаа вештачки бели дробови направени од памук. Ден за ден, нивната белина преминуваше во сивотија пред која минувачите застануваа вџашени.

belite-drobovi-na-belgrad-stanaa-sivi

Тешко им беше да поверуваат дека вдишуваат толку загаден воздух. Последниот ден, на билбордите осамна порака ‘‘Вдиши длабоко‘‘ - MK Mountain Resort поставена на чисти и бели како снег бели дробови.

Стана јасно дека станува збор за супер креативен и иновативен начин на кој агенциите Меккен Скопје и Меккен Белград го рекламираат планинскиот ресорт. Кампањата создаде голем buzz на социјалните мрежи, ја поттикна заинтересираноста на медиумите а на белграѓани им ги отвори очите. Се надеваме дека и на MK Mountain Resort ќе им донесе повеќе гости.

За крај, можете ли да замислите како ќе изгледаа скопските бели дробови ако ги оставевме само неколку дена во Скопје?

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg