Летово сакам...

letovo-sakam-1

#Летово сакам...
...сакам да сакам
...сакам да патувам низ светот
...сакам да си играм со животинчињата на Мадагаскар
...сакам да направам нешто што ќе го памтам цел живот
...сакам да играм на Колавери Ди во Индија
... Летово сакам на пракса преку АИЕСЕК да одам!

Вие размисливте ли што сакате летово?

Посакавте нешто ново, забава, патувања или нешто што не сте го направиле досега? Да запознаете многу луѓе, од целиот свет, да се запознаете себе си и да добиете нови погледи кон светот?

Сето тоа е возможно! Како?

Одете на пракса преку АИЕСЕК, одберете ја државата која сакате да ја посетите и 6 до 8 недели живејте во нов свет. За сместувањето и храната не грижете се, обезбедени се!
Дознајте повеќе на www.facebook.com/LetovoSakam или www.aiesecskopje.org.mk и направете голем чекор во вашиот живот, пријавете се!

letovo-sakam-2

За подобро да се запознаете со некои од земјите во кои АИЕСЕК нуди пракса бидете во Градски Парк на Школка на 20ти Април. Меѓу другите активности кои АИЕСЕК ги подготви за вас оваа сабота ќе бидат присутни и практикантите кои се во Македонија, а кои ќе ги представуваат своите земји. Присутните ќе имаат можност да ги пробаат специјалитетите и националните пијалоци на многу земји ,како и да се запознаат со студентите од Бразил, Украина, Хрватска, Кина, Америка, Германија, Романија и многу други.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg