Донесена одлука: Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина - која е следната локација?

Во Украина не се исполнети безбедносните услови за подготовка, организација и продукција на Евровизија 2023, а организаторите се во потрага по нова локација. Каде најверојатно ќе се одржи следната Евровизија?

donesena-odluka-evrovizija-slednata-godina-nema-da-se-odrzhi-vo-ukraina-koja-e-slednata-lokacija-01.jpg

Иако на годинешната Евровизија победија Украинците Kalush Orchestra со нивната песна Stefania, сепак Европската радиодифузна унија, која е организатор на настанот излезе со соопштение во кое потврди дека следната 2023-та година настанот нема да се одржи во Украина.

„Веќе е утврдена традицијата победникот на Евровизија да биде домаќин на настанот следната година и да исполни одредени критериуми за презентација на настанот, но и за безбедноста на сите учесници, вклучително и за публиката“ – стои во соопштението.

donesena-odluka-evrovizija-slednata-godina-nema-da-se-odrzhi-vo-ukraina-koja-e-slednata-lokacija-02.jpg

Оттаму соопштуваат дека внимателно ја разгледале состојбата и дошле до заклучок дека во моментов во Украина не се исполнети безбедносните услови за подготовка, организација и продукција на натпреварот.

Според соопштението, најверојатно разговорите ќе продолжат со второпласираните на годинешниот натпревар, односно Англија.

donesena-odluka-evrovizija-slednata-godina-nema-da-se-odrzhi-vo-ukraina-koja-e-slednata-lokacija-03.png

Во преговорите со BBC, Европската радиодифузна унија ќе бара победата на Украина да биде одбележана за време на настанот.

Од BBC велат дека преговорите наскоро треба да започнат и дека засега не може да се даде сигурен одговор дали во 2023-та година Англија ќе биде домаќин на престижниот телевизиски и музички настан.

Да се потсетиме на песната што победи на Евровизија 2022 во Торино:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
По 10 месеци пауза, Лара се враќа со „Нека гори“ Скопје, 17.07.2023 – Девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка п...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Артист, музичар, инфлуенсер - Кој е Кристи Петров? Christy Petrov (Кристи Петров) е младо момче со талент за музика. Се занимава со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg