Зуица Лазова: Нашиот фолклор е наша лична карта и идентитет!

Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала…“ – ова се дел од стиховите од песната „Земјо мила“, композиција на која ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен.

zuica-lazova-nasiot-folklor-e-nasa-licna-karta-i-identitet-01.jpg

Оригиналната верзија на „Земјо мила“ во далечната 1977 година на Скопскиот фестивал ја отпеа кумановецот Никола Давидовски - Коле, а нејзин комплетен автор е Јане Коџобашија. Давидовски ја пеел и во Јајце, на големите концерти на тогашната ЈНА во Белград, во Титоград, ечела и кога дошол Тито во Скопје, а сега спакувана во ново руво од маестро Николче Мицевски је пее и Зуица Лазова.

Коџабашија, кој инаку во својот музички опус има поголем број родољубиви песни, зашто, како што вели и самиот, има афинитет кон нив, „Земјо мила“ ја создал додека работел како новинар во тогашното Радио Скопје и имал 35 години. Во една прилика има изјавено дека можеби на фестивалот на кој била премиерно изведена не добиле награда, но тоа што „Земјо мила“ сѐ уште живее е најголемото признание.  

„Чест ми е што сум дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, зашто Македонија е во срцето на секој Македонец. Песната „Земјо мила“ е преубав евергрин кој неправедно е помалку експониран, а ова е убава можност во ново руво да ја запознаат и засакаат и помладите генерации. Со песна македонскиот народ опстојувал со векови, па така ќе биде и понатаму зашто нашиот фолклор е наша лична карта и идентитет!“, вели Зуица.  

Видеото за „Земјо мила“ - инаку мошне емотивно и со кадри во кои се застапени и децата белаци, веќе ви е сигурно добро познато е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад целиот проект „Македонијо во срце те носиме“. Дел од проектот се 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Она што остана уште да го чуе публиката е песната отпеана од двоецот ДНК.

Уживајте во изведбата на Зуица Лазова и наскоро очекувајте детали за стартот на концертниот караван кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови - Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.

Уживајте во гласот на Зуица и магичната изведба на „Земјо мила“: 

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Објавена последната песна на Тоше Проески: „Кажу да време лечи све“ „Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите о...
Антониа Гиговска објави моќна балада - Самата го режираше спотот (видео) Антониа Гиговска ја промовираше новата песна заедно со спот што го режираше сама...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg