„Пушти ги нека зборуваат“ – прва збирка поезија на битолчанката Марија Бакиевска

„Ова е книга која ќе ве поттикне да размислувате зошто му даваме толку важност на тоа што другите го зборуваат за нас и како да се ослободиме од оковите на зборовите кои нѐ врзуваат денови, месеци, па дури за жал понекогаш и години“ – со овие зборови поетесата Марија Бакиевска во изјава за CRNOBELO.com ја опишува својата прва книга поезија што ќе биде промовирана следниот месец во Битола.

pushti-gi-neka-zboruvaat-prva-zbirka-poezija-na-bitolchankata-maria-bakievska-01.jpg

Во издание на издавачката куќа „Златно Перо“ ќе биде објавена првата книга поезија на поетесата Марија Бакиевска.

pushti-gi-neka-zboruvaat-prva-zbirka-poezija-na-bitolchankata-maria-bakievska-02.jpg

Мариа (24) е по потекло од Битола, во моментов живее и работи во Загреб, а во изјава за CRNOBELO.com вели дека објавувањето на збирката поезија „Пушти ги нека зборуваат“ е остварување на нејзиниот сон.

pushti-gi-neka-zboruvaat-prva-zbirka-poezija-na-bitolchankata-maria-bakievska-03.jpg

Таа вели дека целиот свој живот работи во угостителскиот сектор, но целиот нејзин влог е во пишувањето.

„Пушти ги нека зборуваат е книга која ќе ве поттикне да размислувате зошто му даваме толку важност на тоа што другите го зборуваат за нас и како да се ослободиме од оковите на зборовите кои нѐ врзуваат денови, месеци, па дури за жал понекогаш и години.

Потоа длабоко ќе ве соочи со вашата уникатност и неспоредливост, ќе се согледате низ огледалото на саморефлексијата, пристигнувајќи до љубовта која треба да си ја дадете на самите себе и на крај ќе ве охрабри како да го чувате срцето во просторот на слободата“ – вели таа.

pushti-gi-neka-zboruvaat-prva-zbirka-poezija-na-bitolchankata-maria-bakievska-04.jpg

Промоцијата на книгата ќе се одржи на 11-ти ноември годинава во Офицерски дом - Битола, а промотор ќе биде издавачот на книгата Јулијана Наумовска.

pushti-gi-neka-zboruvaat-prva-zbirka-poezija-na-bitolchankata-maria-bakievska-05.jpg

Песните во оваа збирка зборуваат на пет теми: пушти ги оние кои зборуваат (од каде доаѓа и самиот наслов на книгата), себерефлексија, ти си ти, љубовта кон себе и чувај си го срцето.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романтични книги што треба да ги понесете на плажа со себе Некој сака опуштени љубовни приказни, други сакаат мрачни херои, а трети пак, се...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg