Три нови наслови за кои мора да пронајдете место во вашата библиотека
„Постојат луѓе, меѓу кои сум и јас, кои се чувствуваат подобро само што ќе погледнат книга.“
Вака ќе каже Џејн Смајли, а доколку и вие се пронаоѓате во нејзината изјава, тогаш овие три наслови дефинитивно треба да го пронајдат своето место во вашите раце и домашната библиотека:
Сендмен – Лаш Кеплер
Микаел Колер – Фрост е момче кое една студена зимска ноќ е пронајдено како талка по железнички мост во Стокхолм во состојба на доживеан шок и крвавејќи од раката постојано зборувајќи за својата сестра и за загадочниот човек по име Сендмен.
Чудното е што Микаел исчезнал пред 13 години, и официјално е прогласен за мртов шест години подоцна.
Се сметало дека тој и неговата помала сестра Фелисија се удавени, иако нивните тела никогаш не биле пронајдени.
Инспекторот Јона Лина е меѓу ретките кои сметаат дека децата се жртви на озлогласениот сериски убиец во Шведска, Јурек Валтер…
Што знае ветрот – Ејми Хармон
Ен Галахер растела воодушевена и маѓепсана од приказните за Ирска на нејзиниот дедо. Скршена од неговата смрт, таа заминува во неговиот дом од детството за да ја истури неговата пепел таму.
Но, совладана од спомените од човекот што го обожавала и проголтана од историја што никогаш не ја знаела, таа патува во друго време.
Но Ирска во 1921 година е опасно време, на раб на војна. А Ен се буди токму таму, во тоа опасно време, повредена и дезориентирана.
За неа се грижи доктор Томас Смит, старател на едно младо момче кое за чудо ѝ е познато од некаде. Кога ја помешуваат со одамна исчезнатата мајка на момчето, Ен го присвојува нејзиниот идентитет, убедена дека исчезнувањето на жената е некако поврзано со нејзиното.
Холандската куќа – Ен Пачет
На крајот од Втората светска војна, Сирил Конрој го послужува среќата кога со едно мудро вложување ќе создаде огромна империја со недвижнини, воздигнувајќи го семејството од сиромаштија до екстремно богатство.
Неговиот прв деловен потег е купувањето на Холандската куќа, раскошен имот во предградијата надвор од Филаделфија.
Предвидена како изненадување за неговата сопруга, куќата станува причина да ги изгуби сите што ги сакал.
Приказната е раскажана од синот на Сирил, Дени, додека тој и неговата сестра Мев се избркани од куќата во која пораснале со нивната маќеа.
Тие, од богатство, повторно се фрлени во сиромаштијата од која излегле нивните родители и откриваат дека можат да сметаат само еден на друг. Градат цврста врска што ги спасува нивните животи и ги исцртува нивните иднини.
(O)Милена | Црнобело