Книги кои никогаш нема да ви здодеат да ги читате одново и одново

Идеите и значењата во некои книги се толку безвременски што вреди да се читаат одново и одново, а највозбудливото нешто е што со секое читање откривате нешто ново кое минатиот пат воопшто не сте го забележале.

knigi-koi-mozete-da-gi-procitate-odnovo-i-odnovo-01.jpg

Книгите секогаш кријат длабоки тајни кои е потребно да бидат откриени, а нивното откривање ќе ви донесе духовна исполнетост и знаење кое на ниеден друг начин не можете да го добиете.

Од најсеверните до најјужните делови на светот и од најстари времиња, па сè до ден денес, ова се дел од книгите кои заслужуваат да бидат дел од вашата библиотека, но уште поважно заслужуваат да бидат прочитани одново и одново:

1. „Малиот принц“ – Антоан де Сент-Егзипери

„Не можеш да гледаш убаво без срцето, суштината е невидлива за очите.“

Приказната за Малиот принц и неговата роза ќе ви го стопли срцето и ќе ве потсети на едноставните вистини кои ги забораваме како што старееме и животот ни станува сè поисполнет со грижи, но и на детето кое живее во секој од нас.

knigi-koi-mozete-da-gi-procitate-odnovo-i-odnovo-1.jpg

2. „Сликата на Доријан Греј“ – Оскар Вајлд

„Денес луѓето ја знаат цената на сè, но не ја познаваат вредноста на ништо“.

Оваа книга мајсторски си игра со идеите за убавината, умешноста, корупцијата, пороците, суетата и моралот. Приказната за Доријан Греј може да нè потсети дека жртвувањето на сè што имаме за ниски стремежи води до темно место и дека вистинската убавина не може да биде одземена дури ни од староста.

knigi-koi-mozete-da-gi-procitate-odnovo-i-odnovo-2.jpg

3. „Dhammpada“

„Еден човек не може да биде наречен мудар ако зборува одново и одново; човек кој е мирен, полн со љубов и бестрашен може вистински да се нарече мудар човек.“

Збирка изреки од Буда кои даваат инспирација за секојдневниот живот и како да го живеете истиот на најдобар начин.

knigi-koi-mozete-da-gi-procitate-odnovo-i-odnovo-3.jpg

4. „On the Shortness of Life“ – Сенека

„Животот е долг, ако знаете како да го искористите.“

Пишувањата на стоичкиот филозоф Сенека нудат моќни совети за уметноста на живеењето и важноста на моралот.

Сенека проучувал како луѓето го трошат времето на неважни работи наместо да живеат среќен и исполнет живот...

knigi-koi-mozete-da-gi-procitate-odnovo-i-odnovo-4.jpg

5. „Great Expectations“ – Чарлс Дикенс

„Страдањето беше посилно од сите други подучувања, и ме научи да сфатам какво беше твоето срце. Бев свиткан и искршен, но – се надевам – во подобра форма.“

„Големите очекувања“ е книга која ја следи приказната за маж и жена во потрага по нивната зрелост, обично почнувајќи од детството и завршувајќи со евентуалната зрелост на главниот лик.

knigi-koi-mozete-da-gi-procitate-odnovo-i-odnovo-05.jpg

6. „Уметноста на војувањето“ – Сун Цу

„Ако го познаваш непријателот и се познаваш себеси, нема да бидеш загрозен во сто битки“

Конфликтот е неизбежен дел од животот, според оваа античка класика за стратегија, но сè што ни е потребно за да се справиме со конфликтот веќе го поседуваме во себе.

„Уметноста на војувањето“ е можеби најпрестижната и највлијателната книга за стратегија на светот, со концепт кој може да се примени како во поглед на конкуренцијата така и во поглед на конфликтните ситуации од интерперсонално до интраперсонално ниво.

knigi-koi-mozete-da-gi-procitate-odnovo-i-odnovo-6.jpeg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 книги за самопомош што вреди да ги прочитате Ако имате анксиозност, негативни мисли кои не можете да ги контролирате, чувству...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 одлични турски романи, за љубителите на историска фикција „Хурем московската наложница“ ја следи животната приказна на Хурем султан, која ...
Читање печатени или електронски книги - што е подобро? Читањето книга е посебно искуство што нè носи во некои нови светови. Повеќето лу...
3 трилери од Роберт Ладлам кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Роберт Ладлам е најпродаваниот писател на трилери на сите времиња, со повеќе од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg