3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита)

Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатите романсиери? Тогаш овие три романи се одлични за вас.

3-kratki-klasichni-romani-shto-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-prochita-01.jpg

Обично кога ќе се спомнат класичните романи во литературата, најчесто помислуваме на „Ана Каренина“ или пак на „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ – дела од кои најчесто сме добиле уплав уште во средношколските клупи, заради нивната големина.

Но, факт е дека постојат и кратки класични романи, што можете да ги прочитате во еден викенд, а сигурно ќе ви се допаднат.

Во продолжение погледнете кои 3 класични романи топло ви препорачуваме да ги прочитате во слободно време и за кои нема да зажалите.

„Песјо срце“ – Михаил Булгаков

Булгаков во светски рамки е познат по неговиот маестрален роман „Мајсторот и Маргарита“, а романот „Песјо срце“, исто така, е критика на болшевизмот во Русија на почетокот на 20-тиот век.

Дејството се случува во 1924-та година кога еден готвач ќе најде пес скитник како бара храна и ќе го потури со врела вода. Песот го чека својот крај, но во еден миг се појавува врвниот хирург Филип Филипович Преображенски со колбас за песот, но и со нова надеж за него.

Четивото е феноменално, затоа што читателот има можност да ги следи настаните низ очите на песот, кој подоцна ќе го добие името Шарик, и да добие една сосема поинаква перспектива за светот околу себе.

3-kratki-klasichni-romani-shto-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-prochita-02.jpg

„Додека умирав“ – Вилијам Фокнер

Овој роман често се споменува меѓу најдобрите романи на 20-тиот век што задолжително треба да се прочитаат.

Слично како и во неговото најпознато дело „Врева и бес“, „Додека умирав“ е роман во кој дејството имаме можност да го следиме низ призмата, односно свеста на нараторите што ја раскажуваат приказната.

Романот го раскажуваат 15 различни карактери во 59 поглавја, а приказната се врзува за семејството на Еди Будрен, кое по нејзината смрт сака да ѝ ја оствари последната желба – да ја закопа таму каде што израснала и каде што се закопани сите нејзини блиски.

3-kratki-klasichni-romani-shto-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-prochita-03.jpg

„Новела за сонот“ – Артур Шницлер

Многумина го погледнале култниот филм на Том Круз и Никол Кидман Eyes Wide Shut, но малкумина знаат дека тој филм е адаптација на култното дело на Артур Шницлер, „Новела за сонот“.

Напишано во 1926-та година, ова дело ја опфаќа приказната на докторот кој во два дена доживува целосна психолошка трансформација откако неговата сопруга ќе му признае дека имала сексуални фантазии за друг маж.

Кулминацијата се случува кога докторот непоканет ќе влезе на секс-забава под маски.

3-kratki-klasichni-romani-shto-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-prochita-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg