Омилените книги на Николас Спаркс

omilenite-knigi-na-nikolas-sparks-povekjeАвторот одговорен за безброј пролеани солзи, Николас Спаркс, чии дела се покажаа совршени за адаптација во трогателни филмови накусо ги...


...објаснува своите омилени книги.

Еве ја препораката:

„Преминот“ - Џастин Кронин
„Кронин комбинира два претерано користени елемента во литературата - вампири и крајот на светот - и ги претвора во нешто сосема свежо и ново. За мене ова е неверојатно достигнување.“

„Приказната на Лизи“ - Стивен Кинг
„Како што Лизи Ландон си споменува за својот починат сопруг, почнува да се судира со некои чудни - и убави - вистини за тоа каков навистина бил тој.“

„Треба да разговараме за Кевин“ - Лајонел Шривер
Во низа писма ликот на Ева се помирува со злосторствата на нејзиниот син тинејџер. Фасцинантно.“

Истоимениот филм правен според оваа книга беше прогласен за најдобар филм на Лондонскиот филмски фестивал, а беше номиниран и за Златна палма во Кан.


„Никому не кажувај“ - Харлан Кобен

Кога еден човек ќе добие мистериозен email од својата почината сопруга, тој започнува потрага по вистината. Еден од најдобрите трилери на сите времиња.

По француската, најавена е и американска екранизација на ова дело што најверојатно ќе ја режира Бен Афлек.


„Огнени порти“ - Стивен Пресфилд

Историска фикција во своето најдобро издание. Романот ја раскажува прочуената битка кај Термопили, каде грчките војници херојски се спротиставиле на моќната персиска армија.

Ако ги сакате Notebook, A Walk to Remember и Message in a Bottle со Кевин Костнер, погледнете ги и овие филмови правени по романите на Николас Спаркс.

 З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Бошбож, авторката на македонскиот роман „Сонцето под земја, кралството над него“: „Ме инспири... „Бев инспирирана од македонската богата историја, митови и легенди. Идејата за р...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги за млади што можете да ги прочитате за време на пролетниот распуст Три романи наменети за младите читатели. Идеални за да одморите од лектирите и к...
3 одлични книги од македонски автори, напишани по примерот на популарните светски романи Четива напишани по примерот на популарните светски автори. Овие 3 романи докажув...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg