5 стенд-ап комедиии на Нетфликс кои ќе ве насмеат од срце

На Нетфликс има огромен избор за стенд-ап комедии, а голем дел од нив се навистина добри. На платформата постојано се додаваат нови наслови и има по нешто за сечиј вкус. Ако сакате да се насмеете во овие денови, предлагаме неколку наслови кои ќе ви помогнат со тоа.

5-stend-ap-komedii-na-netfliks-koi-navistina-kje-ve-nasmeat-01.png

Едноставно поканете ги најдобрите пријатели или пак останете сами дома со пуканки и добро расположение. Смеата секако е загарантирана!

Taylor Tomlinson: Look at You (2022)

Тејлор Томлинсон се врати на сцената на Нетфликс по Quarter-Life Crisis. Во нејзиниот последен специјал, снимен во театарот Вилбур во Бостон, Томлинсон навлегува во помалку вообичаени теми како нејзината тага и нејзиното ментално здравје.

Таа е способна да ја задржи својата духовитост додека детализира некои прилично сериозни борби за менталното здравје, нешто со што многу луѓе можат да се поврзат бидејќи менталното здравје станува сè поголем фокус како ефект на пандемијата. 

Nick Kroll: Little Big Boy (2022)

Ник одвои доволно време од снимањето на бурните епизоди на Big Mouth за да сними нов стенд-ап специјал за Нетфликс.

Во Little Big Boy - наслов кој исто така ја опишува суштината на неговото анимирано шоу - Kroll, се осврнува на скршеното срце, хипнозата и започнувањето со комедијата. 

Bill Burr: Live at Red Rocks (2022)

Бил се врати во етерот на Нетфликс во јули за неговиот петти стенд-ап специјал. Тој стана едно од најголемите имиња во индустријата и често наоѓа начини позитивно да навреди некого, правејќи го тоа уште еднаш во овој специјал.

Неговите шеги се смешни и со тоа создава забавна атмосфера, дури и ако неговото шоу е малку подолго од 80 минути.

Norm Macdonald: Nothing Special (2022)

Норм трагично загина во септември, но има уште еден подарок за своите обожаватели. Nothing Special го прикажува комичарот како изведува сет сам во својата дневна соба за време на пандемијата.

Adam Sandler: 100% Fresh (2018)

Адам Сендлер е најпознат по својата филмска кариера, но се обиде да се занимава и со стенд-ап комедија. Во неговиот специјал 100% Fresh, Сендлер повторно излегува искрен и смешен, поврзувајќи се прилично лесно со својата публика. 

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg