Шпанската серија „Elite“ се враќа со нова сезона: Кои актери си заминуваат, а кои се новите студенти кои ќе се најдат среде скандал?

Во сите 5 сезони Elite воодушевуваше со одличните приказни, мистерии и добро сокриени убиства и тајни, а 6-тата сезона доаѓа на 18 ноември на Нетфликс. Што ни носи?

shpanskata-serija-elite-se-vrakja-so-nova-sezona-koi-akteri-si-zaminuvaat-a-koi-se-novite-studenti-vo-prestizhniot-institut-01.png

Продукцијата на 6-тата сезона открива дека ќе има уште една несреќа, за која не знаеме дали ќе биде уште едно убиство на еден од студентите.

Ќе има нов студент во училиштето кој може да има вознемирувачко минато. Новата сезона првенствено ќе се фокусира на конфликти предизвикани од полова и расна дискриминација, семејно насилство и хомофобија.

Кој ќе биде во екипата на сезона 6?

Мало потсетување за оние кои ја имаат изгледано 5-тата сезона: На крајот од сезоната Бенхамин го напаѓа Самуел и тој ја повредува главата.

Сè уште нема многу информации за заплетот на сезона 6, но има коментари дека Бенхамин ќе оди во затвор, а Самуел или ќе го преживее нападот или ќе умре.

Според случувањата во последната сезона, се чини дека омилените Самуел, Омар, Ребека и Кајетана не продолжуваат понатаму.

View this post on Instagram

A post shared by Élite (@elitenetflix)

Фановите мислат дека Патрик, Менсија, Ари, Исадора, Иван и Патрик ќе бидат главни во сезона 6 со нова драма која ги вклучува новите ликови.

Дали Патрик и Иван успешно ќе се запознаат или не откако ќе се справат со нивните проблеми (вклучувајќи го и тоа што Патрик има нешто со таткото на Иван) останува да се открие во новата сезона.

Што и да се случи, се чини дека студентите ќе бидат заробени во уште една огромна мистерија.

Кои се новите студенти во престижниот институт?

Нетфликс објави дека пет нови ѕвезди ќе се приклучат на сезона 6.

Кармен Аруфат Бласко, Ана Бокеса, Алваро де Хуана, Алекс Пастрана и Андер Пуиг. Андер Пуиг ќе биде првиот транс актер на Elite.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате) Ако сте расположени за комедија, дајте им шанса на The Disaster Artist и The Nic...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg