Филмски викенд: Оскаровски номинации 2012

filmski-vikend-oskarovski-nominacii-2012-povekjeПочна сезоната на филмски награди. Пред неколку дена се објавија номинациите за Оскарите 2012 што ќе се одржат на 26 фебруари, и ние одбравме три...


...номинирани филмски предлози за овој викенд.

Меѓу номинираните за најдобар филм на годината се наоѓа "Moneyball" (што го препорачавме пред некое време) и "The Tree of Life" (исто со Бред Пит) ама ми беше некако спор и досаден.

Бидејќи не се чуствувам пријатно да ви препорачувам филмови кои не ми се гледани, сигурно меѓу номинациите има и подобри предлози, но отом-потом.

Ако некој од нив е препорачлив, ќе читате за него на CRNOBELO.com


The Help (2011)

Номинација за најдобар филм, главнa и две споредни женски улоги

filmski-vikend-oskarovski-nominacii-2012-1

Историска драма базирана на книга од Кетрин Стокет, издадена во 2009 година.

Приказната е за чудното пријателство што ќе се роди меѓу три различни жени, младата Скитер и две црнки слугинки, Ејбелин и Мини, додека во тајност пишуваат книга која ги крши сите тогашни правила.

Пишуваат за врските меѓу газдите и црните слугинки во Америка, во период кога започнува нетрпеливоста меѓу белците и црнците.

Филмот е фикција, но режисерот вметнал неколу историски настани баш од тој период и сето тоа изгледа толку веродостојно што ме натера да помислам дека филмот е базиран на вистински настани.

Го препорачувам на сите што сакаат историски филмови, женски хумор и сплетки.

Режија: Tate Taylor
Глума: Emma Stone (Скитер), Viola Davis (Ејбелин), Octavia Spencer (Мини)


Midnight in Paris (2011)

Номинација за најдобар филм, режисер, сценарио и уметнички правец

filmski-vikend-oskarovski-nominacii-2012-2

Бавна романтична комедија во стилот на Вуди Ален, но оживеана преку одличната глума Овен Вилсони самиот град на светлината, Париз.

 Гил е писател, тој е успешен како холивудски сценарист, но никако да го заврши својот прв роман.

Тој се заљубува во убавината и историјата на Париз, што сака да се пресели со вереницата таму. Таа не ги има истите планови.

Како поминуваат деновите од одморот, нивната врска полека почнува да пука, и тој наоѓа издишка во полноќните прошетки низ Париз, градот кој е магичен после полноќ.

Филм кој ќе ве релаксира и инспирира. Француската музика е волшебна, изобилува со референци кон уметноста, има романтична приказна со среќен крај и ја има прекрасната Карла Бруни.

Режија: Woody Allen
Глума: Owen Wilson (Гил), Rachel McAdams (Инез), Marion Cotillard (Адријана)


Bridesmaids (2011)

Номинација за најдобра споредна женска улога и оргинално сценарио

filmski-vikend-oskarovski-nominacii-2012-3

После сите тие филмови за машки пријателства, дојде ова изненадување каде сите главни ликови се женски.

Првин мислев дека нема да ми биде интересен филм со 6 девојки, но не бев во право.

Деверушите во филмот се откачени. Ани е старосватицата, но нејзиниот живот е хаос и одвај може да си ги дозволи сите тие предсвадбени ритуали.

Како тоа да не е доволно, мора да се бори за вниманието на невестата, бидејки Хелен (нова пријателка) се расфрла со пари, и полека и го краде статусот на старосватица.

Морам да се согласам дека си ја заслужува номинацијата за сценарио, бидејки паметните и глупавите шеги се убаво балансирани.

Филмот во суштина е комедија за девојки, нешто како мешавина на "Bride Wars" и "Hangover", па ако ви се допаднале тие филмови погледнете го овој.

Режија: Paul Feig
Глума: Kristen Wiig (Ани), Maya Rudolph (Лилијан), Rose Byrne (Хелен)

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најгуглани филмови и серии за 2023-та (кои вреди да се изгледаат) Второто продолжение од Avatar е еден од „најгугланите“ филмови за 2023-та, додек...
7 филмови посветени на познати сликари кои треба да ги изгледате Изведбата на Вилем Дефо како Винсент ван Гог е маестрална во At Eternity's Gate,...
10 гангстерски филмови кои мора да ги изгледате (и ќе ве држат во неизвесност до крај) Godfather со децении е репер за тоа како треба да изгледа добар „мафијашки“ филм...
„El Silencio“ - Нова шпанска серија на Нетфликс ги прикажува страшните последици од семејното насилс... El Silencio е провоцирачка серија која навлегува длабоко во ужасниот свет на сем...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg