Јелена Спенџарска ужива со саканиот Лукас покрај море во Солун (фото)
- Детали
- четврток, 09 март 2023
Јелена Спенџарска никогаш посреќна, откако љубовта ја одведе во Грција... Со саканиот ужива покрај море во Солун пиејќи кафе и лежејќи кај него во скут.
Јелена Спенџарска периодов ужива во мартовското сонце во Солун и миговите со својот сакан Лукас.
Во последно време таа е на релација Скопје-Солун, а најави и преселба таму, со тоа што ќе доаѓа еднаш неделно во Македонија за да си ги заврши обврските околу ангажманите во телевизија.
Вчерашниот ден, односно празникот 8-ми Март таа го мина уживајќи со својот партнер во кафе покрај море, сончајќи се на платформа.
Омилени активности во Солун вели дека ѝ се токму кафето покрај море, како и утринското трчање.
По повод вчерашниот празник, Јелена напиша:
„Немам од оние клише честитки за 8-ми Март да ви пишам денеска.... Мислам дека овој ден е многу повеќе од каранфили, пишување Фејсбук статуси и мешање по кафани.
Посакувам да бидеме похрабри и да кажеме ДОСТА Е! Да не дозволиме луѓето околу нас, кои најчесто се тука да ни ги 'подгреат' стравовите да нè убедат дека не сме доволно вредни, силни убави... НЕ Е ТОЧНО!
Овој ден е само уште едно потсетување колку сме моќни да донесеме убави промени на овој свет и да создадеме нешто уште поубаво од својот живот.“
Погледнете како изгледа нејзиниот сакан - По веста дека се сели во Солун, Јелена Спенџарска откри како ќе ги извршува работните обврски во телевизијата
С. С. | Црнобело