Обединети за утре

obedineti-za-utre-povekjeВо организација на трите младински организации, Гоу Грин–Биди Зелен, АИЕСЕК и Сојуз на Извидници се одржа семинар: “ОБЕДИНЕТИ ЗА УТРЕ – ПРЕЗЕМИ...

 

...АКЦИЈА СЕГА”. На 4ти Декември, Гоу Грин – Биди Зелен, АИЕСЕК Македонија и Сојуз на извидници на РМ одржа едно-дневен семинар на Економскиот факултет во Скопје.

Присуствуваа 100 учесници, членови на трите организации, на возраст од 14 до 22 години. Целта на семинарот беше да се подигне свеста, да се поврзат и мотивираат младите за да преземат активна улога во создавање на одржливо општество.

Отворањето на семинарот имаше форма на панел дискусија на тема: “Улогата на младите во создавање на одржливо општество”. ЕУ Амбасадорот, Г-динот Ерван Фуере, покрај поздравниот говор, беше и панелист, заедно со Г-ѓа Љиљана Поповска (пратеник во собрание), Г-дин Методија Саздов (Претседател на Мак Зелен Центар) и Г-дин Петар Лазаров (Претприемач и ко-основач на Македонија Експорт).

obedineti-za-utre-2

Отворањето беше проследено со предавање од страна на Г-ца Лаура Рандма (АИЕСЕК практикант од Естониjа) на тема: “Предизвикување на погледот на светот”. Секоја организација одржа по две работилници на тема, одржлив развој (Гоу Грин), активирање на лидерство (АИЕСЕК) и биодиверзитет (Извидници). Затворањето на семинарот имаше форма на панел дискусија, каде што алумни од АИЕСЕК и Извидници, дискутираа на тема: “Што значи да си агент на позитивна промена?”.

obedineti-za-utre-1

Целта на семинарот беше и да придонесе за личниот развој на младите како и за нивно посуштинско поврзување, пренесувајќи моќна порака на обединување и создавање синергија.

Овој семинар претставува еден дел од иницијативата “ОБЕДИНЕТИ ЗА УТРЕ – ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА СЕГА”. Вториот дел е во подготовка и претставува “марш против загадување”, кој ќе биде реализиран наскоро.

Би можело да ве интересира:

Прв заеднички одмор со мама и тато: 4-месечната внука на Дац на одмор на Халкидики (фото) „Фамилија“ – напиша накратко Софија Спасов, снаата на актерот Драган Спасов Дац,...
Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето? „Секое дете заслужува љубов и топлина!“ Со оваа помисла одлучив да се вклучам во...
Првата жена пилот во Wizz Air од Македонија: „За првпат во мојата 10-годишна кариера моите родители ... „Со овој момент се гордееме сите. Се надевам дека ќе имаме уште многу вакви“ – н...
Годините за овие дами се само бројка: Како изгледале македонските водителки во младоста? Ели Танасковска зборува повеќе јазици, Ирена Спировска има завршено медицина, а ...
Дац и Александар ненајавени се појавија на свадба и ги изненадија младенците (видео) „Влетавме на свадба како изненадување...“ – Дац и Александар споделија кратко ви...
Бракови кои траат со децении - Како изгледаат сопругите на актерите од Македонски народни приказни? Некои од нив дочекале и златна свадба. Како изгледаат сопругите на актерите од М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg