Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 10-02-2025
QA Engineer 10-02-2025
QA Engineer 10-02-2025
.Net Developer 10-02-2025


Компаниите дел од системот на Пакомак ќе го одбележат 22 април денот на планетата Земја со еколошки активности

Денот на планетата Земја е само обичен ден со необични активности. Но не и за Пакомак и компаниите кои се дел од неговиот систем, и кои секојдневно дејствуваат со заедничката визија да го минимизираат негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина.

kompaniite-del-od-sistemot-na-pakomak-ke-go-odbelezat-22-april-denot-na-planetata-zemja-so-ekoloski-aktivnosti-01.jpg

“Се чувствуваме како дел од светската еко – заедница со планетарна мисија да ја заштитиме и разубавиме Земјата, па затоа овој ден од годината ни е особено драг. Како активисти и зелени пријатели на планетата Земја ни претставува трајна радост да го одбележуваме 22ри Април со разни еколошки активности”, изјави Филип Ивановски Извршен Директор на Пакомак.

За таа цел Пакомак и компаниите кои се дел од неговиот систем, вклучувајќи ги сите вработени во овие компании ќе го одбележат Денот на планетата Земја со низа активности, наменети да испратат порака и да посведочат за постоењето на еко – свеста.

Да бидеме зелени! Зелената боја не поврзува во хармоничен еквилибриум со природата и потсетува дека сме едно со целиот жив свет. Акцијата е доброволна, секој може да учествува на начин и активност каква што сака. Пролет е! Велат велосипед да возиш – не се заборава! А и прекрасно фит- чувство дава! Пакомак ве охрабрува да дојдете на 22 април со велосипед на работното место доколку сте во можност. Понудете им заеднички превоз на колегите кои живеат во ваш правец. Организирајте се да се превезете заедно со сопственикот на возилото кое е најмал загадувач, се разбира доколку не сте во можност да дојдете со велосипед. Облечете нешто зелено, прикачете зелена панделка и понесете свежина на работното место.

kompaniite-del-od-sistemot-na-pakomak-ke-go-odbelezat-22-april-denot-na-planetata-zemja-so-ekoloski-aktivnosti-02.jpg

Одберете заеднички вегетаријански ручек со колегите во природа. Поддржете ги локалните производители и продавачи на органска храна и пригответе разнобојни овошни салати за целиот тим. На здравје насладување!

Потрудете се барем тој ден да не употребувате печатар за хартија. Потребни се приближно 12 дрвја за да се направи еден тон 100% нерециклирана хартија. Просечниот канцелариски работник продолжува да користи неверојатни 10.000 листови хартија за копирање секоја година. Значителни 45% од таа бројка листови завршуваат во отпад или фиоки каде испечатените информации не се погледнуваат и користат по втор пат.

Потсетувајте ги колегите од тимот за важноста да штедиме електрична енергија. Исклучете ги компјутерите кога не ги користите и поставете мали потсетници до прекинувачите со пораки да се гаси светлото.

Учествувајте со ваши дополнителни предлози за одбележување на Денот на планетата Земја во вашата компанија, со голема надеж истите да станат лесна практика.

Планетата Земја ви благодари!

kompaniite-del-od-sistemot-na-pakomak-ke-go-odbelezat-22-april-denot-na-planetata-zemja-so-ekoloski-aktivnosti-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Најслатките писма до Дедо Мраз од деца од Македонија: „Јас сакам двајца браќа“ „Драг Дедо Мраз, за Нова Година посакуваме да им однесеш подароци на сите деца ш...
Каков татко - таков син: Ирина Камилоска сподели слатки фотки од сопругот и малиот Јосиф Ирина често споделува фотографии од Павле и Јосиф, но и видеа на кои открива дек...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Гори Универзална сала во Скопје (фото+видео) Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје која се реконструира. Црн чад и ...
Се слави свети Пантелејмон – добар ден за започнување нешто ново, или за заминување на пат Се слави големиот исцелител и светец свети Пантелејмон, кој и со лекови, но и со...
Дани Ѓуровска направи тематска забава за првиот роденден на синот: Година одбележана со патувања На 2 месеца беше во Грција, на 7 и пол месеци во Куба - првата година на синчето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg