Јелена Спенџарска за животот во Солун: „Многу луѓе ќе ти најдат мана зашто потајно го посакуваат истото“

„Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир. Многу ќе ти најдат и на тебе мана зашто потајно го посакуваат истото, но можеби не успеале, можеби некој ги убедил дека не се доволно добри за тоа, а можеби и никогаш не собрале храброст да се обидат“, напиша Јелена Спенџарска на Инстаграм.

jelena-spendjarska-za-zhivotot-vo-solun-mnogu-lugje-kje-ti-najdat-mana-zashto-potajno-go-posakuvaat-istoto-jelena-spendjarska-za-zhivotot-vo-solun-mnogu-lugje-kje-ti-najdat-mana-zashto-potajno-go-posakuvaat-01.jpg

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска, која живее на релација Македонија - Грција, на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии од Солун.

Фотките се направени покрај шеталиштето на море, но и во еден од рестораните покрај плоштадот Аристотели.

Таа во објавата повторно споделува размислување за својот живот во Солун, а поттикната од прашањата на луѓето во нејзината околина, за кои вели, дека ги интересира како таа се справува со сите позитивни и негативни ситуации што ѝ се случуваат.

437798147_936584834924944_4062862491813854431_n.jpg

„Животот во секоја смисла е поедноставен кога си во внатрешен мир“, почнува нејзината објава, па продолжува:

„Ова не знам како да го објаснам со зборови кога многу луѓе ме прашуваат како се справувам во одредени позитивни/негативни ситуации или големи/мали животни промени? Или најчестото, поврзано со мојот живот во Солун, каков е сега мојот живот таму?

Прво, тоа многу зависи и од твојот карактер, што имаш во себе и што очекуваш да најдеш и видиш надвор од себе. Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир.

Многу луѓе ќе ти најдат и на тебе мана затоа што потајно го посакуваат истото, но можеби не успеале, можеби некој ги убедил дека не се доволно добри за тоа, а можеби и никогаш не собрале храброст да се обидат, па затоа егото се брани и не им дозволува да го признаат сопствениот пораз.

Многу е едноставно - нашиот надворешен свет е секогаш во склад со внатрешниот.

437327729_955384999271764_4425262259732953655_n.jpg

Ова, во мојот случај, во ситуација каде сè ти е ново, не познаваш никој, не зборуваш ист јазик, беше голем предизвик, но и тест. Која личност бираш да бидеш ти во непознатиот свет?

За мене Грција, за тебе било кое место каде што си сега, а не ти е родно! Да, има море, сонце, одлична храна, одлични услови, ама можностите, опциите, отворените или затворени врати, луѓето со кои комуницираш, начинот на кој ги доживуваш сите секојдневни искуства, зависат само и само од тоа како си 'програмиран' ментално (внатре) да гледаш на нив (надвор).

Многу луѓе мислат дека e обратно, а не е! Океј, Јелена, кога ќе го најдам мажот на мојот живот, тогаш ќе бидам среќна! Или, кога ќе си ја видам полна сметката во банка, е тогаш супер ќе ми биде.

437784250_410946931547141_924208869168606871_n.jpg

Погрешно! Обратно е! Прво е внатрешното чувство на мир, задоволство и благодарност за сè она што го имаме во овој момент иако не е токму тоа кое сме си го посакале.

Баш тој недостиг за нијанса повеќе ни покажува колку многу е искрена нашата желба.

Без разлика каде и да одиш во светот, низ каква и ситуација да поминуваш во овој момент, начинот на кој реагираш кон тоа што се случува е клучот!

Или бираш да бидеш жртвата и тивко набљудуваш од публиката или одлучуваш да бидеш во главната улога, се качуваш на сцената и ја создаваш претставата - твојот сопствен живот! Само од тебе!

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Јелена Спенџарска на одмор на островот Џерба во Тунис со сестра си - позира со камили на плажа, се ц... „Поздрав од Џерба, мирно место со долги песочни плажи, идеална клима, луѓето кро...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg