Гоце Тодоровски и Кирил Ангеловски се дружат и во пензионерските денови: „Колегите ни заминаа, останавме ние“

„Ех Кире, Кире - поминавме сито и решето заедно! Повеќето колеги ни заминаа, останавме уште ние, со носталгија да се потсетуваме на минатите дни“ - пишува на Фејсбук, покрај фотографијата на пензионираните актери Гоце Тодоровски и Кирил Андоноивски.

goce-todorovski-i-kiril-angelovski-se-druzhat-i-vo-penzionerskite-denovi-kolegite-ni-zaminaa-ostanavme-nie-01.jpg

Актерите во пензија, Гоце Тодоровски и Кирил Андоновски, вчера (03.04) се дружеа во Градскиот парк во Скопје.

Седнати на една од клупите во паркот, пие пиеја кафе „за носење“ и си спомнуваа за минатите времиња.

Фотографија од нивната дружба беше објавена на Фејсбук страницата „Ѓорѓи Колозов“, а Горан Марковски, кој ја уредува страницата, пренесе дел од нивниот разговор.

„Ех Кире, Кире - поминавме сито и решето заедно! Небројана минутажа пред камера, безброј улоги заедно на сцената, повеќето колеги ни заминаа, останавме уште ние, со носталгија да се потсетуваме на убавите минати дни“, пишува во објавата.

goce-todorovski-i-kiril-angelovski-se-druzhat-i-vo-penzionerskite-denovi-kolegite-ni-zaminaa-ostanavme-nie-03.jpg

Марковски во коментарот за фотографијата вели:

„Ако некогаш поминете и ги сретнете овие две живи легенди, со почит отпоздравете ги, затоа што ни подарија прекрасно детство, ненадминливи дела кои до ден денес ни ја греат душата!

Гоце Тодоровски и Кирил Андоновски - бардови, доајени и ветерани на македонското глумиште и приказните, денес уживаа под сончевите зраци во паркот!

Почит за нивниот лик и дело! Живи и здрави барем до стотка“.

goce-todorovski-i-kiril-angelovski-se-druzhat-i-vo-penzionerskite-denovi-kolegite-ni-zaminaa-ostanavme-nie-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретки фотки од Гоце Тодоровски со семејството - Прослави 49 години брак, синот е негова копија „Нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, деновиве одбележа 49 години брак со с...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Ламбе и Врчак по многу години повторно заедно, пееја на свадба на заеднички пријател во Охрид (видео... „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека ...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg