Македонка направи уникатна маска за синовите – астронаути: „Ја правевме две недели“

„Чизмите им ги обмотав со алуминиумска фолија, шлемот на помалиот е кацига за велосипед надополнет со апликација, а боците со кислород се од шишиња вода, полнети со памук, кои ги поврзува црево од водоводна цевка“ – Анна (29) од Скопје за CRNOBELO.com открива како ја направила уникатната маска за синовите - астронаути на мисија на Марс и за неа, како нивна ѕвезда водилка.

misijata-do-mars-pochnuva-makedonka-napravi-unikatna-maska-za-sinovite-astronauti01.jpg

Aнна Стојанова (29) од Скопје е креативна мајка, која за нејзините два сина Георѓи (3 години) и Лукас (1 година) направи уникатна маска „Мисијата на Марс, со двајца мали астронаути и една ѕвезда водилка“.

Таа работи во полето на градежништвото, а дома ужива во креативни, рачни изработки, посебно кога се за децата и ги прави заедно со нив.

За овој 1-ви април, таа поминала 2 недели собирајќи материјали и изработувајќи ја маската за нејзините мали астронаути.

За CRNOBELO.com Анна открива како изгледал процесот:

Голем љубител сум отсекогаш на креативните изработки и особено задоволство ми претставуваат сите оние што ги спремаме дома со децата.

Мојата креативност доби израз повеќе од моментите кога станав мајка, децата ми се огромна инспирација и сила да се движам напред.

Маската ја изработивме дома, во период од две недели постепено собирав материјали и ги аплицирав соодветно според нашата замисла.

Приказната започна кога за Нова година поголемиот син доби една прекрасна и поучна книга од наш драг пријател, а помалиот дрвена играчка во форма на ракета.

misijata-do-mars-pochnuva-makedonka-napravi-unikatna-maska-za-sinovite-astronauti-04.jpeg

Може ќе звучи нескромно ама бескрајно сум си горда на трудот и благодарна што моите деца обожаваат книги и сакаат да им читам, па така се појави интересот, а подоцна се роди желбата и идејата за маската.

Костимот на поголемиот син е готов производ и тој баш обожава да се пресоблекува неколкупати на ден во сите костими што ги има дома, а за помалиот импровизирав, на бела маичка аплицирав самолеплива ознака НАСА да одговара на тематиката со брат му.

misijata-do-mars-pochnuva-makedonka-napravi-unikatna-maska-za-sinovite-astronauti-05.jpeg

Чизмите им ги „облеков” во алуминиумска фолија.

Шлемот на помалиот е кацига за велосипед исто надополнета со апликација.

Е ранците се од празни кутии завиткани со колаж во сива боја.

misijata-do-mars-pochnuva-makedonka-napravi-unikatna-maska-za-sinovite-astronauti-02.jpeg

Потоа, од шишиња од вода се направени „боци кислород” кои се полнети со памук, а ги поврзува црево од водоводна цевка. На нив имам додадено капи останати од родендени и реси налик на огнот на ракетата.

misijata-do-mars-pochnuva-makedonka-napravi-unikatna-maska-za-sinovite-astronauti-03.jpeg

Внатре во кутиите имам сошиено ластик и прицврстен е со силикон да го држи сето тоа добро на грбот. 

Црвената боја му е омилена на поголемиот барем засега па изборот беше да се лета на Марс и затоа и таква ни беше замислата и мисијата.

А јас морав да бидам ѕвезда да им го осветлувам патот на моите омилени астронаути, па на едно старо венче, му дадов неколку циркони и ѕвезди од светкава хартија и резултатот беше одличен.

misijata-do-mars-pochnuva-makedonka-napravi-unikatna-maska-za-sinovite-astronauti-09.jpeg

Морам и јавно да ѝ се заблагодарам на Маја од Мала Пажња што се погрижи да ја реализира мојата замисла и да ми направи маичка во склад со децата. 

И за крај бескрајно благодарна на мојот сопруг, кој има трпение и ми помага за сите мои идеи, кој умее да се радува и да го уважува мојот труд и да ни ги прави најубавите спомени секогаш“. 

На следната страница повеќе фотографии од маската... 



Би можело да ве интересира:

Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото) „Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покр...
Македонка направи уникатно откривање на полот на бебето со торта со обоена внатрешност (фото+видео) „Ова беше огромно изненадување, бидејќи според генетската историјата на семејств...
Вирален хит: Македонка во забавно видео покажа како звучи нашиот јазик со различни странски акценти „Ма леле колко јас сакам да причам македонски – водата, лоптата, масата, топката...
„Каде на одмор?“ - Шминкерката Фрози Фран и пријателките со оригинална првопарилска маска „Уникатни, секоја чест“ – стои во коментарите до фотките со уникатната маска што...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg