Почина Гоце Арнаудов

pocina-goce-arnaudov-povekjeЛегенда на македонската музика. Еден од најголемите македонски патриоти кој ја претставуваше гордо нашата земја низ целиот свет. Човекот кој...


...знаеше да ги развесели сите – од најмлади до најстари. Човекот кој беше дел од голем број наши убави моменти. Почина Гоце Арнаудов, на 52 годишна возраст. Тој не успеа да ја победи битката со ракот.

Нам ни останува да го помниме по убавите песни кои ни ги остави зад себе и неговиот незаборавен глас.

Кратка биографија

Гоце Арнаудов (1959-2011) е роден во Струмица на 19 август 1959 - 6 декември 2011 година. Тој уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк фест - Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. До ден денешен Гоце Арнаудов има запишани преку 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија[1]. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостува на публиката во Европа , Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица , Арнаудов прави концерт на стадионот и собира 10 илјади публика, а раководството на областа му дава награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

pocina-goce-arnaudov

Лесна му земја, нека почива во мир.

Би можело да ве интересира:

Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Јана Стојановска со тон емоции за татко ѝ Ненад Стојановски: „Гледам во небото и се гордеам со тебе,... „Не ми треба ништо друго во животот од тоа кога ќе ме нема моите деца да се чувс...
„Тиква зелена, мрш“: Кенијката Емакулате ги учи родителите да зборуваат македонски (видео) „Те обожавам и тебе и твоите родители“, „Јазикот звучи и убаво и смешно“, „Треба...
Есенската идила во Крушево, низ објективот на фотографката Ана Петроска Крушево останува најубаво во секое годишно време, иако боите на крушевската кори...
Лила Филиповска: „Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот“ „Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот. И искр...
Филмско запросување на Македонка во Бодрум - Миле ја побара за жена Сандра додека нуркаа (видео) „Запросувањето се случи додека бевме на летување во Бодрум, Турција. Ми беше вис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg